Засилени контролите за проверка на квалитетот на семенскиот материјал и репроматеријалите за земјоделството. Сите надлежни институции интензивно работат на терен и го контолираат квалитетот на производите кои им се продаваат на земјоделските производтели, соопшти од Струмица министерот за земјоделство Љупчо Николовски.
Тој информираше дека од страна на министерството за земјоделство веќе биле повлечени 96 решенија за продажба на ѓубриво за 2016 година.
,, Од страна на министерството се повлечени 96 решенија за ѓубриво за 2016 година. Нашата контрола продолжува и за 2017 и за 2015. И министерството и комисијата, институциите продолжуваат со работа во тој дел., рече Љупчо Николовски – министер за земјоделство.
Во рамки на овие контроли, 96-те решенија се однесуваат за забрана за пуштање во промет на ѓубрива, биостимулатори и подобрувачи на својства на почвата, заради отстапување од декларираните количини на хранливи материи за растенијата, најчество на азот, калиум и фосфор.
Со оваа активност се остваруваат заложбите за контрола и достапност на квалитетни репроматеријали за земјоделците и обезбедување на безбедни земјоделски производи за крајните потрошувачи.