Навремени информации за времето се од корист за македонските земјоделци

Новите метеоролошки станици ќе помогнат при собирање на важни климатски податоци од секој регион и произведување на ажурирани агрометеоролошки информации од важност за локалните производители и изборот на нивните земјоделски практики.

Share
Прочитај повеќе

Модернизација на земјоделството со помош на Светска Банка

-На денешниот состанок со директорот на Светска банка за Македонија, Марко Мантованели и со делегацијата од Светска банка, ги презентиравме политиките на МЗШВ и важноста на поддршката што би ја добиле од Светска банка. Наши заеднички приоритетни цели се модернизација на земјоделството, зголемување на извозот, олеснување на пристапи кон пазарите и фокус кон инвестициски мерки во програмите за субвенционирање, истакна министерот. 

Share
Прочитај повеќе

Николовска: Отвараме пат за нови инвестиции и бизнис можности во земјоделството

-За почеток разговаравме за проширување на бизнисот во Македонија со дистрибуција на готови садници за кои македонските земјоделци ќе се уверат во квалитетот за потоа да започнат и со производство на саден материјал и во Македонија. Забелешката на Браниотис Костас во текот на нашиот разговор беше мотивирачка за нас – „Мал пазар сте но предизвик што ќе учествуваме во развојот на вашиот аграр“, – истакна Николовска.

Share
Прочитај повеќе

Николовска: Дони Фруитс е потенцијален сериозен инвеститор во Македонија

Ленче Николовска, посебен советник за земјоделство на претседателот на владата на Р.М. најави дека поканата која ја доби нашата земја за членство во НАТО го отвори патот на инвеститори и во земјоделската област. Имено, Дони Фруитс е потенцијален сериозен инвеститор.

Share
Прочитај повеќе

Преспанскиот регион на удар од климатските промени

Промената на климата и температурните разлики се најизразени во Преспанскиот регион. Тоа го покажуваат и временските непогоди, обилни врнежи од дожд и град и екстремно високи или ниски температури што последните години го зафаќаат овој дел од државата. Колку тоа влијае врз земјоделството, односно врз овоштарството покажуваат проценките на стручните комисии, но и на самите производители.

Share
Прочитај повеќе

Неизвесно е дали и македонските земјоделски култури ќе се извезуваат на Косово со 30% повисоки царини

Надлежните од земјава информираат дека испратиле допис до колегите во Косово, но до сега не добиле никаков одговор. Во меѓувреме косовското Здружение на трговци со овошје и зеленчук смета дека таквата одлука е дискриминирачка и неправедна.

Share
Прочитај повеќе

Ракхманин: На македонското земјоделство му се потребни иновации и дигитализација

Иновации и дигитализација, современи технологии и опрема, подобрување на врските меѓу производителите, преработувачите и пазарите, како и зајакнување на советодавните услуги за земјоделците, му се неопходни на македонскиот аграр, порачува Владимир Ракхманин, помошник-генерален директор на ФАО и Одговорно лице за Регионалната канцеларија на ФАО за Европа и Централна Азија.

Share
Прочитај повеќе

Светска банка ја подготвува новата стратегија за партнерство со Република Македонија, земјоделството е приоритет

Посебен акцент беше ставен на креирање на услови за организирано договорно производство, подобрување на квалитетот и стандардите и стратегија за извоз на македонските земјоделско-прехранбени производи. Од Светска банка потенцираа дека во оваа област поседуваат експертиза и можност да обезбедат средства за инвестиции во откупно-дистрибутивни центри.

Share
Прочитај повеќе

Нови 30 милиони денари за подобри пристапни патишта до нивите

“Со овие 30 милиони денари како нова мерка и политика ќе дадеме значаен придонес во пристапот до нивите и до обработливите површини, што во моментов претставува проблем за земјоделците. Ги повикуваме Центрите за развој на плански регион, во рамки на Програмата и во крајниот рок, да ги поднесат своите предлог проекти, и овие средства за капитални инвестиции да бидат ефикасно искористени“, изјави министерот Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Информативен настан за советодавни услуги во земјоделството

Го организира Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива во соработка со ФЗНХ, а целта е информирање на претпријатијата и сите останати чинители во системот на советодавни услуги во секторот земјоделство за предлог-законската регулатива од областа на советодавните услуги.

Share
Прочитај повеќе