Предложени измени на Законот за тутун по скратена постапка

Група пратеници во Собранието предложија  измени на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, по скратена постапка.

Share
Прочитај повеќе

Одлична вест за ИПАРД апликантите: Предфинансирање на влогот на барателот од страна на државата како заем без камата

-Предфинансирањето значи дека фирмите кои имаат веќе потпишано договор со Платежната агенција за мерките од ИПАРД, делот којшто не се финансира од ИПАРД, односно сопствениот влог на барателот ќе го финансира државата како заем без камата, којшто во период од 8 години корисникот на мерката треба да го врати. На пример, доколку вкупната инвестиција е 100 илјади евра, 50 илјади евра се покриваат преку ИПАРД,  а 50 илјади евра од сопствено учество, за коешто ние со измените овозможуваме предфинансирање од државата пред почетокот на градбата“, изјави министерот Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Собранието ги донесе измените на Законот за земјоделство и рурален развој

– Имаме интервенирано во четири члена од законот. Член 67, кој се однесува за земјоделците, каде се зголемува помошта од 10 илјади на 20 илјади за млад земјоделец и во член 71 а, за помош на ЈП „Национални шуми“ за пошумување на оголените и опожарените површини, изјави Стојчевска.

Share
Прочитај повеќе

Со измените на Законот за пасишта до ефикасна распределба на пасиштата

Со одредбите на предложените измени и дополнувања на овој закон се уредуваат постапките за давање на користење на пасиштата, со што ќе се овозможи подобра сигурност во давањето на услугите, континуитет и квалитет на услугите како и применливост на истите,што не е случај со моментално важечкиот закон за пасиштата. 

Share
Прочитај повеќе

Законот за финансиска поддршка на инвестициите ги опфати и ИТ секторот и земјоделците

Со новите измени на Законот за финансиска поддршка на инвестициите 4.000 компании ќе можат да добијат државна помош. Отсега опфатени ќе бидат и ИТ компаниите, земјоделските преработувачки фирми кои не добиваат помош од ИПАРД, градежни компании кои сакаат да го модернизираат производството и трговци кои ќе сакаат да отворат производни капацитети.

Share
Прочитај повеќе

Пчеларите ќе можат да закупат земјоделско земјиште, каде би ги поставувале пчелните семејства

Министерот објасни дека измените на законот, направени врз основа на сериозни анализи, треба да овозможат поголемо вклучување на млади лица во земјоделството. Затоа, младите лица до 40 години ќе бидат ослободени од плаќање закупнина 3 години откако ќе добијат државно земјоделско земјиште. Се решава и проблемот што го имаа пчеларите со недостатокот на површини за поставување на пчелни семејства, кои ќе може да закупат државно земјоделско земјиште за таа намена. И земјоделците што веќе користат хектар или два државно земјиште ќе може да аплицираат за дополнителни парцели, сè до обезбедување на површина од 10 хектари, со што се создаваат услови за окрупнување на површините и за зголемување на производството.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ: Со измените на Законот за земјоделско земјиште до правилна распределба на државното земјоделско земјиште и зголемување на обработливите површини

Владата на Република Северна Македонија на седница  го утврди новиот текст на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште. Со новите законски измени се овозможува правилна и транспарентна распределба на државното земјоделско земјиште под закуп и ставање во функција на целокупното земјоделско земјиште во државата.

Share
Прочитај повеќе

Со измените на Законот за вино се овозможува развој на малите семејни винарии

Поточно, со измените се овозможува полесно  регистрирање на капацитети и производството на вино кое ќе може да се продава од самата винарија. Развојот на малите семејни винарии ќе придонесе и за зголемување на туристичкиот потенцијал на познатите лозарски региони во државата, а воедно и за поголем развој на пазарот на грозје и вино.

Share
Прочитај повеќе

Измените на законот за консолидација го поминаа првиот собраниски филтер

Во практиката има недостатоци во спроведување на постапката и недоволно прецизирани одредби во законот кои го кочат окрупнувањето на парцелите. Измени за нивното надминување го поминаа првиот собраниски филтер.

Share
Прочитај повеќе

Државата да обезбеди пари за да ги покрива загубите на земјоделците

Земјоделците предлагаат нови мерки за националната програма за рурален развој. Една од нив е воведување на интервентен фонд за регулирање на пазарот. Во прво време фондот ќе располага со 6 милиони евра, средства кои ќе бидат употребени доколку дојде до драстичен пад на откупните цени на поедини земјоделски производи. Во тој случај разликата помеѓу откупната и реалната цена ќе ја субвенционира државата.

Share
Прочитај повеќе