Пилот проектите за консолидацијата на земјоделското земјиште покажаа одредени тешкотии кои треба да се отстранат. Во практиката има недостатоци во спроведување на постапката и недоволно прецизирани одредби во законот кои го кочат окрупнувањето на парцелите. Измени за нивното надминување го поминаа првиот собраниски филтер.
Консолидацијата на земјоделското земјиштето во двата пилот проекти се соочи со одредени пречки кои ги онемозвожуваат активностите на терен.
Поточно, не постои дефинирање на субјектите кои би изготвувале стручна анализа кои парцели и од кои причини би требало да се окрупнуваат. Без точно законско прецизирање, овие услуги би можеле да ги вршат нестручни лица, а ресорното министерство не може да врши надзор на давателите на услуги.
И во постапката за проценката на вредноста на недвижностите, која не се поврзува со веќе постојните институции и механизми како што се овластени проценители или комора на проценители, на секој сопственик кој излегува од консолидацијата, не може да му се гарантира дека ќе добие еднаква вредност со онаа која ја внел во процесот, намалена за прифатените трошоци.
Овие предлог- измени на законот се ставени во собраниска процедура и набргу се чека решение за продолжување на окрупнување на земјоделското земјиште во Македонија.