Одлична вест за ИПАРД апликантите: Предфинансирање на влогот на барателот од страна на државата како заем без камата

Вести Огласи

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски учествуваше на  трибина во организација на Стопанската комора на Македонија, на тема „Насоки за унапредување на земјоделско-прехранбениот сектор во Република Северна Македонија“, заедно со претседателот на комората Бранко Азески, претставниците од бизнис секторот и земјоделските здруженија.

На трибината ги најави измените на Законот за земјоделство и рурален развој кои одат во прилог на сите идни ИПАРД апликанти.

„Со најновите измени на Законот за земјоделство и рурален развој, додадовме еден член со којшто воведуваме предфинансирање  наменето за бизнис секторот односно за фирмите корисници на ИПАРД програмата.   Предфинансирањето значи дека фирмите кои имаат веќе потпишано договор со Платежната агенција за мерките од ИПАРД, делот којшто не се финансира од ИПАРД, односно сопствениот влог на барателот ќе го финансира државата како заем без камата, којшто во период од 8 години корисникот на мерката треба да го врати. На пример, доколку вкупната инвестиција е 100 илјади евра, 50 илјади евра се покриваат преку ИПАРД,  а 50 илјади евра од сопствено учество, за коешто ние со измените овозможуваме предфинансирање од државата пред почетокот на градбата“, изјави министерот Димковски.

Предфинансирањето се однесува за инвестиции во преработувачки и постбербени активности.

Искористувањето на ИПАРД се одвива многу добро, и ова е прва година во која што нема да се вратат пари, нешто што досега се случуваше поради неискористување на фондовите. МЗШВ најави дека најверојатно ќе бара и дополнителни финансиски средства.

 

„Современо Земјоделство“ М-р Билјана Петровиќ

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *