Исплатени субвенциите за поледелски култури во вредност од 6,3 милиони евра за над 23.000 земјоделци

„Политиките на навремена и не селективна исплата на субвенциите продолжуваат токму во периодот кога средствата им се најпотребни. Со ова докажуваме дека ние се грижиме за земјоделците. Денеска се исплатени субвенции за поледелски култури во висина од 6,3 милиони евра за над 23 илјади земјоделци.“ – истакна министерот Димковски.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ: Воведовме механизам за навремена и неселективна исплата на субвенциите за земјоделците

Согласно планот, и во следниот период, Агенцијата ќе продолжи со исплатата на субвенциите од Програмата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за 2019-та година согласно календарот за исплата. Годината што измина заврши со реализација на исплата од 99 отсто на субвенциите по Програмите за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Share
Прочитај повеќе

Исплатени 222 милиони денари за трета фаза произведено и предадено млеко

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во еден ден, без селекција на сметките на 7.877 фармери, кои исполнуваат услови за добивање на финансиска поддршка, исплати  222 милиони денари за субвенции за трета фаза произведено и предадено млеко, односно, млеко предадено на преработувачки капацитет во период од мај до септември 2018 година.

Share
Прочитај повеќе

Исплатени 137,3 милиони денари за јаболкарите, кои од реколтата 2018 ги предале јаболката кај регистриран откупувач

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на сметките на 1.566  субјекти исплати вкупно 137,3 милиони денари за мерката „Директни плаќања за произведено и предадено јаболко кај регистриран откупувач.“

Share
Прочитај повеќе

Ќе им се исплати долгот и на преостанатите 600 лозари кои имаа неплатено грозје од „Повардарие“ и „Стефани“

Со оваа изменa практично ќе биде комплетирана исплатата за  сите лозари кои не ги имаа добиено парите од винарниците „Повардарие“ и „Стефани“ за предаденото грозје во периодот од 15 август 2014 година до 15 ноември 2016 година, соопшти МЗШВ.

Share
Прочитај повеќе

Исплатени 30 отсто повисоки субвенции за фармерите кои го зголемиле сточниот фонд во споредба со претходната година

Оваа мерка се исплаќа по прв пат и беше Владино ветување, се со цел поттикнување на одгледувачите на добиток за зголемување на сточниот фонд во Република Северна Македонија.

Share
Прочитај повеќе

За две и пол години исплатени 314,5 милиони евра за субвенции за земјоделците, во следниот продолжува навремената и неселективна исплата на субвенциите

Според динамиката за исплата, се подготвуваат решенијата за исплата на субвенцијата за откупена пченица од домашно производство од родот 2018 година, за што во ребалансот се проектирани 40 милиони денари. Веднаш потоа, следува исплатата на субвенциите за предадени градинарски култури, предадени домати и јаболка, субвенција за површини со поледелски и градинарски култури, овошни и лозови насади, како и за грло добиток. Со ребалансот се проектирани и 40 милиони денари за субвенции за заклани свињи како превенција од појава на болеста африканска свинска чума.

Share
Прочитај повеќе

Исплатени над 1 милион евра за дополнителната интервентна мерка за предадено грозје на лозарите

„Државата го исплати и долгот  што винарските визби Повардарие, Стефани и другите регистрирани винарници во регистарот на МЗШВ, го имаа како долг кон лозарите за предадено грозје во 2014 и 2016 година. Се исплатија над 1 милион и 250 илјади евра на 2.048 лозари. Со тоа решивме еден долгогодишен проблем што ги мачеше лозарите од тиквешкиот регион. Овие исплати за секторот лозарство се пари коишто директно ги враќаме кај лозариите, за да ги вложат во новото производство, за да произведат квалитетно грозје за производство на нашето познато македонско вино. Ова е вистински пример на грижа на државата за граѓаните и враќање на парите кај граѓаните”- изјави министерот Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Димковски: Се исплатија 106 милиони денари за интервентната мерка за индустриско јаболко

На средбата со градоначалникот беа презентирани активностите коишто ги презема општината во секторот земјоделство во делот на создавање на услови за обезбедување на модерни откупни и преработувачки центри, со коишто ќе се овозможи сигурен пласман и откупот на јаболката, како и капиталните проекти кои општина Ресен ќе ги реализира преку мерките од Програмата за рурален развој.

Share
Прочитај повеќе

Почнува исплатата на средства за произведена и продадена риба

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и  руралниот развој, исплати 7,3 милиони денари за произведена и продадена риба на пазарот на вкупно 14 субјекти. Со средствата од оваа мерка и преку Програмата за рибарство и аквакултура се поттикнува развојот на рибарството и производството на риба во Република Северна Македонија.

Share
Прочитај повеќе