Два пати е зголемено земјоделското осигурување

Минатата година Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој по основ помош за исплата на премии за осигурување на посевите исплатила безмалку 110 милиони денари, додека во 2017 година по истиот основ платежната агенција исплатила двојно помалку, односно 55,5 милиони денари.

Share
Прочитај повеќе

Започна исплатата на субвенциите за тутунот од реколтата 2018, денеска се исплатија над 27 милиони евра

Денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати над 80 отсто од вкупно планираната сума за субвенции за тутунот од реколтата 2018-та. На сметките на 26.776 тутунопроизводители денеска се исплатија над 27 милиони евра. Во моментов уште една компанија откупувач на тутун нема доставено списоци до Платежната агенција, затоа исплатата за тие тутунопроизводители ќе се реализира во следните неколку дена.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Исплатата за тутунарите ќе биде деновиве, пред почетокот на производствената сезона

-Тутунарите ќе ги добијат субвенциите навреме, пред почетокот на новата производствена сезона, исплатата ќе биде деновиве за сите тутунари. Општина Кривогаштани е еден од поголемите региони за производство на тутун, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Прекинат штрајкот во ЗК „Пелагонија”

-Денеска се држеа преговори со синдикалниот одбор и договорено е со менаџментот платата да биде исплатена денес, или најдоцна утре – изјави финансискиот директор на ЗК „Пелагонија“, Павле Цветановски, според кој сите активности во производствениот процес во Комбинатот досега се одвиваат нормално, есенската сеидба е во целост завршена, набавени се семенски материјали и комплетно репроматеријали за пролетната сеидба, што дава индиција дека Комбинатот оди во добра насока – рече финансискиот директор на ЗК „Пелагонија“, Павле Цветановски.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Субвенциите редовно се исплаќаат

-Се исплаќа според календарот за исплата на субвенции а исплатени се 40,5 милиони евра субвенции во текот на јануари и февруари кај лозарите, сточарите и полјоделците. Се подготвува исплатата на тутунот во месец април. Од јуни 2017 година до денес исплатени се 247 милиони евра за субвенции по однос на сите програми -заостанати долгови и редовни субвенции, рече Николовски. 

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Исплатени 5,5 милиони евра на над 26.300 земјоделци за субвенции за житни култури

-Ја продолжуваме праксата и нашето клучно ветување дадено пред граѓаните за редовна и навремена исплата на субвенциите. Вчера се исплатени 332 милиони денари или 5,5 милиони евра субвенции на над 26.300 земјоделци за субвенции за житни култури, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Бабовски: Пред време ќе ја исплатиме мерката за одржување овошни насади

Платежната агенција и годинава ќе ја исполни законската обврска за исплата на субвенциите за овоштарите до 30 јуни годинава, а до крајот на март или на почетокот на април ќе ја исплатиме мерката за одржување овошни насади, потврди директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.

Share
Прочитај повеќе

Лозарите ги добија субвенциите пред почетокот на новата реколта, исплатени 9 милиони евра за одржување на лозови насади

-Како што ветивме, пред почетокот на новата производствена реколта, ден пред празникот  Свети Трифун,  Платежната агенција исплати близу 9 милиони евра на 15.208 лозари. Овие пари директно се враќаат кај лозарите, за да ги вложат во новото производство, за да произведат квалитетно грозје за производство на нашето познато македонско вино, изјави Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Лозарите ќе се исплатат до крајот на март

Министерот Николовски најави и дека пред Свети Трифун ќе бидат исплатени 14 милиони евра субвенции по површина за лозарите.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Со брзи измени на Законот и одлука, државата ќе го исплати долгот кон лозарите за грозје предадено пред неколку години

– Правна можност постои и со премиерот договоривме во четврток на посебна владина седница, оваа одлука да биде донесена, пред распишувањето на изборите. Веднаш по евиденцијата од страна на Инспекторатот и Платежната агенција, да се исплатат парите кон лозарите од над 1.5 милиони евра, рече министерот.

Share
Прочитај повеќе