Отворен нов Јавен повик за набавка на системи за наводнување, за инвестиции во бунари и зафати на површински води

Инвестиции за Мерка 121 модернизација земјоделски стопанства

121.4 Набавка на систем за наводнување капка по капка, наводнување капка по конструкција на бунари и други зафати на површинска вода
Максималната вредност на прифатливи трошоци изнесува:

До 1.800.000,00 денари за инвестиции во систем за Набавка на систем за наводнување капка по капка,
до 364.000,00 површинска вода денари за инвестиции во конструкција на бунари и други зафати површинска вода

Share
Прочитај повеќе

Производителите на вишни „тријат раце“, двојно повисока откупна цена од лани

Бербата на вишни во источниот регион е при крај. Овоштарите велат дека годинашната реколта поради пролетните мразови ќе биде преполовена, но квалитетот е подобар, а има и организиран и гарантиран откуп.  Откупната цена е скоро за двојно повисока од лани, односно, изнесува 35 денари за килограм вишни.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделците очекуваат од 30 до 40 отсто зголемени приноси со „капка по капка“

Од 30 до 40 отсто зголемени приноси, поголема апсорпција на ѓубрива, пониски трошоци и поконкурентно производство ќе добијат 43 земјоделци кои аплицирале за инвестиции во подземни системи за наводнување „капка по капка“. Со оваа мерка, која е дел од Програмата за рурален развој 2018, предвидени се вкупно 20 милиони денари кои ќе им се враќаат на земјоделците по реализација на инвестицијата. Кофинансирањето ќе изнесува од 50 до 75 отсто.

Share
Прочитај повеќе

Започна потпишувањето на договорите за мерката за кофинансирање на трошоците за набавка на системи капка по капка

Од денеска започна потпишувањето на 43 –те договори за мерката за инвестиции во подземни системи за наводнување капка по капка, од Програмата за рурален развој. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, посочи  дека преку оваа мерка се овозможува кофинансирање на трошоците за набавка на различна опрема потребна за инсталирање на системите за наводнување капка по капка, но и услуги за изведување на градежни работи, инсталирање на опремата, како и за изработка на елаборати и техничка документација.

Share
Прочитај повеќе

Јавен оглас за „Набавка на систем за наводнување капка по капка, конструкција на бунари, и други зафати на површинска вода

Максималната сума која може да ја земе секое поединечно земјоделско стопанство изнесува 1.800.000 денари за земјоделците кои ќе аплицираат за систем за наводнување, додека за инвестиции во бунари максималната сума е 364 илјади денари. Рокот истекува на 21 август.

Share
Прочитај повеќе