– Најдобро е кога произведениот кромид има организиран пласман и се купува од меѓата на нивата. Така беше и оваа година при продажбата на околу половина од нашето производство, би рекол и од целата Тиквешија. Сега нема организиран откуп за хрватскиот пазар. Се снаоѓаме некако. Доаѓаат трговци од Скопје и купуваат одредени количини, па ги препродаваат таму на кванташки пазар. Продаваме и на пазарите во Битола и Прилеп. На македонскиот пазар потрошувачката е помала, можеби има зголемено производство, па цената е пониска, рече Ванчо Долев, производител на кромид.
Прочитај повеќе