Лукова мува: Како да го заштитите лукот?

Вести Градинарство Совети

Луковата мува или Hylemia antiqua е инсект кој, обично го напаѓа лукот, а ретко и кромидот.

Растението што е нападнато од оваа мува, може да се препознае по тоа што ќе овени, се суши и пропаѓа. Луковата мува  е сиво обоена, долга околу 8 мм. Нејзините ларви се бели, а најголема штета предизвикува во ткивото на централниот дел на младите растенија. Една ларва на луковата мува, може да уништи повеќе растенија.

Што е лукова мува ?

Овој инсект има 2-4 генерации годишно. Инсектите обично се појавуваат за време на цутењето. Женката ги поставува јајцата меѓу перцата на лукот и на земјата. Ларвите влегуваат во младиот лук, во централниот дел на стеблото. Таквите растенија веднаш се сушат и се распаѓаат. Во постарите растенија, ларвите ја напаѓаат главата.

Понекогаш нивниот број во главата само, достигнува до 50 единки. Развојот на ларвата трае околу 20 дена, по што преминува во инсект. После тоа, се појавуваат првите возрасни инсекти. Развојот на втората генерација се случува во јуни.

Препознајте ја оваа болест кај лукот

Угинатите растенија на лукот, се првиот знак за напад на луковата мува. Лисјата на растението, исто така, стануваат млитави и жолтеникави, а главите обично се напаѓаат на долната страна. Кога на главицата од лукот се појавуви трулеж, оштетувањето на растенијата е дефинитивно големо. Ларвите се хранат со растението и затоа листовите стануваат жолти, а луковицата омекнува со текот на времето.

Проценката на самиот напад се пресметува со оштетување на површината на листот, како и од бројот на пропаднати растенија. Инспекцискиот надзор се врши во текот на месец мај, кога се регистрирани оштетените растенија, како и бројот на неоштетени растенија.

Како да го заштитиме лукот од луковата мува?

Штетата од луковата мува може да се спречи на неколку начини: со превентивни, хемиски и биолошки мерки. Превентивата вклучува отстранување на инфицираните растенија, како и одржување на хигиената на терен. Мерките за хемиска контрола вклучуваат прскање со соодветни инсектициди.

Иако кај нас не постојат регистрирани инсектициди за контрола на луковата мува, постои инсектицид врз основа на активната супстанција hloropirifos, кој може да се користи за оваа намена. Покрај тоа, третманот обично се прави со препарати базирани на: диазинон, тиаметоксам и диметоат.

Првиот третман на лукот, против луковата мува, треба да се изврши при самото никнување на лукот, а вториот најмалку две недели подоцна. Исто така може да се користи и раствор врз основа на имидаклоприд, кој негативно ќе влијае на луковата мува. 

Биолошките мерки за спречување вклучуваат зголемување на бројот на предаторски инсекти, и испуштање на стерилни мажјаци, што е добра алтернатива за инсектицидните третмани против луковата мува.

Со цел да се минимизира можното оштетување на овој инсект, неопходно е да се обрне внимание на сите предложени мерки. На овој начин, на вашите растенија ќе им обезбедите безбеден и здрав развој без напад од овој штетник.

” Современо Земјоделство “
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *