Остануваат уште две недели до истекот на рокот за промена на податоци во ЕРЗС

Поради состојбата предизвикана од Ковид -19, со цел да им овозможиме на земјоделците без никаков ризик по нивното здравје да можат да ги извршат промените, рокот кој вообичаено е до 15 март, го продолживме до 30 јуни.

Share
Прочитај повеќе

Димковски во посета на Росоман каде се одвива откупот на праски

Министерот Димковски им порача на откупувачите и производителите на праски дека треба постојано да бидат во добра комуникација, да нема манипулации со откупната цена и дека само така ќе остварат добри партнерски односи кои носат успех и резултати за сите учесници во процесот на производство и откуп.

Share
Прочитај повеќе

Димковски на увид на штетите од град во Трстеник

-И покрај тоа што штетите се на мали површини, оваа Влада преку локалната самоуправа формираше комисии кои се веќе на терен и ги лоцираат и утврдуваат истите и врз основа на тоа ќе бидат исплатени штетите на индивидуалните сопственици, од страна на владината комисија за штети, истакна Димковски. 

Share
Прочитај повеќе

Бачовски: Нови кланици, откупни центри, млинови, млекари, преработувачки капацитети – тоа е тоа што и треба на македонската економија

-На тие 2.200 хектари и понудената инвестиција од 11,5 милиони евра во наредните пет години ние ќе имаме нови кланици, нови откупни центри, нови млинови, нови млекари, нови преработувачки капацитети. Тоа е тоа што и треба на македонската економија и земјоделието – додадена вредност на основниот производ. Значи не е доволно само да квантизираме, многу е важен и задоволувачкиот извоз, истакна Бачовски.

Share
Прочитај повеќе

Центрите за развој на планските региони, ги потпишаа договорите по јавниот повик за капитални инвестиции

Со помош на овие средства, Центрите имаат можност да реализираат инвестиции за подобрување на руралната патна инфраструктура преку изградба и реконструкција на пристапни патишта во подрачја со интензивна земјоделска дејност. Финансиската поддршка ќе се искористи за израмнување, проширување и тампонирање на пристапните патишта до земјоделските површини.

Share
Прочитај повеќе

Уште една успешна интервенција на УХМР за спречување на град со помош на авионско засејување на облаците

Пелагонискиот и Преспанскиот регион во текот на вчерашниот ден (06.06.2020 година) беа зафатени од интензивна нестабилна воздушна маса која доаѓаше од југ. Со цел да се спречи појава на град, Управата за хидрометеоролошки работи преку радарските центри Ѓуриште и Тополчани и Аероклуб Скопје во периодот од 10:15 часот до 16:33 часот извршија авионско засејување на градоносните облаци и потенцијално градоносни облаци со 135 палки, (една палка содржи 400г сребро јодит) со што е спречена  појава на град во овие региони.

Share
Прочитај повеќе

Сите земјоделци кои претходно имаат добиено дозволи за движење со назнака „трајни“, истите продолжуваат да важат и во претстојниот продолжен викенд

Земјоделците коишто имаат работни обврски на своите земјоделски површини на фармите, а кои се наоѓаат во атарот (место на живеење) на селото во коешто живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење.

Share
Прочитај повеќе

Сите земјоделци кои ги загубиле или оштетиле картичките за зелена нафта до 12 јуни да ги пријават во подрачните единици на МЗШВ

Оние земјоделци кои правно – законски се стекнаа со право на користење на мерката „зелена нафта“ и на кои картичките им се во ред, истите ќе им бидат надополнети со нови средства.

Share
Прочитај повеќе

Интензивно се гради браната Конско, досега 60 отсто од изградбата е завршена

-Со оваа брана ќе се создадат неопхопдните услови за дополнителен развој на земјоделството, зголемување на производството на храна со намалени и  конкурентни цени, изјави министерот Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Во општина Карбинци започна изградбата на пречистителна станица за вода за пиење

-Со изградбата ќе се овозможи непречено снабдување со вода за пиење во населените места Карбинци, Козјак, Аргулица, Црвулево, Таринци, Долни Балван, Нов Караорман и Радање, во кои живеат околу 3.000 жители или 75% од вкупниот број на жителите на Општина Карбинци, објасни министерот Димковски.

Share
Прочитај повеќе