Денеска со Центрите за развој на планските региони, во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, беа потпишани договорите за Јавниот повик преку Програмата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за капитални субвенции.
Преку оваа Програма беше доделена финансиска поддршка за развој на планските региони во областа на земјоделството и руралниот развој.
Со помош на овие средства, Центрите имаат можност да реализираат инвестиции за подобрување на руралната патна инфраструктура преку изградба и реконструкција на пристапни патишта во подрачја со интензивна земјоделска дејност. Финансиската поддршка ќе се искористи за израмнување, проширување и тампонирање на пристапните патишта до земјоделските површини.
Со ваквиот тип на инвестиции ќе се подобри и олесни пристапот до нивите, ќе се овозможи побрз транспорт и ќе намали оштетувањето на производите при транспорт.
„Современо Земјоделство“