Денес во Утрински брифинг на тема – земјоделство, гостуваше Никица Бачовски, шеф на кабинет на Министерот за земјоделство.
Бачовски истакна дека во изминатите години ја оптимизираа искористеноста на земјоделското земјиште преку склучување договори за нови 6000 хектари.
Во наредните 5 години се очекува голем број на нови преработувачки капацитети, нови инвестиции, технологии и вработени.
Транспарентна понуда на државниот земјишен ресурс, фер пристап до ИПАРД фондот и навремени субвенции.
-Трендот на користење на државно земјоделско земјиште е засилен во последниве години. Во две години имаме издадено околу 6.000 хектари земјоделско земјиште. Самиот земјоделец кога аплицира за државно земјоделско земјиште аплицира со програма и бизнис план каде што опишува што ќе сади и одгледува. Во зависност од тоа што ќе одгледува ќе зависи и должината на закупот, изјави во утрински брифинг Никица Бачовски, кој додава дека сето тоа понатаму се проверува со цел да се избегнат евентуални малверзации.
-Во изминатиот период воведовме некои новини – никогаш порано сточарите да успеајат да добијат земјиште за производство на сточна храна. Сега тоа ние им го обезбедивме, распишавме посебен оглас за сточарите.
-Инвестициските огласи се друга приказна. Таму условот за да го добиеш земјиштето е во рок од 5 години да изградиш преработувачки капацитет. Тука ефектите допрва ќе се видат. На тие 2.200 хектари и понудената инвестиција од 11,5 милиони евра во наредните пет години ние ќе имаме нови кланици, нови откупни центри, нови млинови, нови млекари, нови преработувачки капацитети. Тоа е тоа што и треба на македонската економија и земјоделието – додадена вредност на основниот производ. Значи не е доволно само да квантизираме, многу е важен и задоволувачкиот извоз.
Европа и светот сакаат конзервирана храна од Македонија – пиперчиња, ајвар, корнишони, печурки. Во тоа е иднината. Денес ако видите македонските производи бележат раст на цената. Со исплатата на субвенциите и долговите кои ги сведовме на минимум значеше и рентабилност на македонскиот земјоделец, кој што денес има многу поголем пристап до европските фондови, изјави во Утрински брифинг Никица Бачевски, шеф на кабинетот на министерот за земјоделство.