Руралните заедници во Северна Македонија ќе добијат поттик преку нов проект на ФАО

„Постои јасна потреба да се поддржат македонските рурални заедници преку интегриран пристап – здружување на различни иницијативи за зајакнување на руралните области – како поддршка за развој на вредносниот синџир, подобрено организирање, засилено и одржливо производство и подобрувања во земјоделската инфраструктура“ истакна Мортен Хартвигсен, менаџер на Регионалната иницијатива на ФАО за малите земјоделски стопанства и семејни фарми, во своето обраќање на денешниот настан.

Share
Прочитај повеќе

Започна поднесувањето на барања за субвенции за произведени и предадени јаболки од реколта 2018-та

Од вчера до 15- ти октомври, сите земјоделци кои произвеле јаболка во реколта 2018- та година и количините ги предале на регистриран откупувач во периодот од 12- ти октомври 2018- та година до 25-ти јуни 2019 – та година, ќе можат да поднесат барања за добивање на финансиска поддршка за произведено и предадено јаболко.

Share
Прочитај повеќе

ЈАВЕН ПОВИК БР.01/19 за доставување на понуди за интерес за купување на земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерија и помошни објекти во функција на оранжеријата, односно на стопанскиот двор во функција на оранжеријата

Предмет на јавниот повик е доставување на понуди за интерес за купување на земјоделско земјиште во државна сопственост определено како технолошка целина на оранжеријата евидентирано во катастарот на недвижности како нива под оранжерии, нива под помошни објекти, нива под објекти за примарна обработка на земјоделски производи и земјиште меѓу објекти со мери и граници определени со геодетски елаборат.

Share
Прочитај повеќе

Димковски: Интензивно работиме на мерки за спасување од климатските промени и негативните последици врз земјоделството

„Даваме големо значење на темата климатски промени, бидејќи прво на удар е земјоделството. Наскоро  ќе се објави и меѓународниот тендер за  избор на компанија за услуги за авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди, на што последнава година интензивно се работи. Воедно преку ИПАРД 2  програмата се финансира поставување на  заштитни мрежи и други технологии за прилагодување на земјоделството кон климатските промени“, изјави министерот Димковски.

Share
Прочитај повеќе

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на концесија на рибите за вршење стопански риболов на риболовни зони

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на концесија на рибите за вршење стопански риболов на риболовни зони. Краен рок за поднесување на понудите е 15 октомври 2019 година до 10:00 часот.

Share
Прочитај повеќе

Исплатени над 1 милион евра за дополнителната интервентна мерка за предадено грозје на лозарите

„Државата го исплати и долгот  што винарските визби Повардарие, Стефани и другите регистрирани винарници во регистарот на МЗШВ, го имаа како долг кон лозарите за предадено грозје во 2014 и 2016 година. Се исплатија над 1 милион и 250 илјади евра на 2.048 лозари. Со тоа решивме еден долгогодишен проблем што ги мачеше лозарите од тиквешкиот регион. Овие исплати за секторот лозарство се пари коишто директно ги враќаме кај лозариите, за да ги вложат во новото производство, за да произведат квалитетно грозје за производство на нашето познато македонско вино. Ова е вистински пример на грижа на државата за граѓаните и враќање на парите кај граѓаните”- изјави министерот Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Потпишани договори со 11 општини за реализација на капитални инфраструктурни проекти преку Програмата за рурален развој – Започнуваат со реализација проекти во вредност од 1,5 милиони евра

„Овие средства општините ќе ги инвестираат во капитални инвестиции за подобрување пред се на локалните патишта во руралните средини, инвестиции во канализациона инфраструктура, партерно уредување во руралните средини,  изградба и реконструкција на мостови, за развој на одредени туристички точки кои што можат да бидат интересни како за домашните така и за странските туристи“, дополни Димковски.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ: За непречен извоз на земјоделски производи, Фитосанитарната инспекција на терминалот во Кавадарци ќе работи во две смени

Од денес 04.09.2019, Фитосанитарната инспекција на терминалот во Кавадарци ќе започне со работа во две смени. Државниот инспекторат за земјоделство, којшто е орган во состав на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, ја донесе оваа одлука како одговор на барањата на бизнис заедницата за овозможување на брз и непречен извоз на земјоделски производи, што во овој период е особено важна за извозот на грозјето.

Share
Прочитај повеќе

Потпишани првите договори од третиот повик од ИПАРД 2 програмата во вредност од 137 илјади евра

„Првите 10  договори за Мерка 1 „Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“ од ИПАРД 2 програмата, се со вкупна вредност од 137 илјади евра. Со финализирање на целата процедура во текот на месец септември очекуваме да се потпишат околу 800 договори во вредност од близу 10 милиони евра. “- истакна Димковски.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ: Информација за одржување на јавни расправи

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува заинтересираната јавност дека како Инвеститор на проектите за системи за наводнување (Страиште, IPSVV фаза 3 и Хидро систем Лисиче, IPSVV фаза 3) заедно со консултантите од компанијата ENCON ги изработија Студиите за оцена на влијание на проектите врз животната средина за овие проекти.

 

Share
Прочитај повеќе