Николовски: Ги преземаме сите мерки за заштита на пчелите и развој на пчеларството

Од оваа година за прв пат и Република Северна Македонија се вклучи во одбележување на Светскиот ден на пчелата. По тој повод, денеска министерот Љупчо Николовски присуствуваше на манифестацијата организирана од Сојузот на пчеларски здруженија, а поддржана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. На денешниот Светски ден на пчелата, целиот свет се потсетува на важноста на пчелите за животната средина и се испаќаат пораки за заштита на пчелите.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Го исполнуваме ветеното, ја воведовме мерката за субвенционирана нафта за земјоделската механизација

Во тек е јавниот оглас за набавка на гориво за земјоделска механизација што воедно претставува и последниот чекор од процедурата за воведување на оваа нова мерка. Мерката која за прв пат ја воведува оваа Влада има единствена цел да им го олесни производството на земјоделците и да им ги намали трошоците за механизацијата.

Share
Прочитај повеќе

Македонска делегација на четвртиот состанок на министри во Кина

Покрај министерскиот состанок во Кина се одржува и 14-от економски и трговски форум на тема „Дигиталното земјоделство како движечка сила за ревитализацијата на руралните средини“.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Се преземаат мерки за заштита на пчелите и развој на пчеларството

-Ние треба да сториме сé што е во наша моќ за да ги поддржиме пчелните семејства и луѓето во нашите земји кои се грижат за нив. Порачавме дека одговорното однесување кон природата мора да продолжи со идните генерации, истакна Николовски. 

Share
Прочитај повеќе

Северна Македонија подготвена за национален мониторинг на шумите

Дизајнирање на најмодерен систем за следење на шумите, прилагоден на потребите и условите на земјата, беше во фокусот на двегодишниот проект на ФАО и Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), кој заврши со работилница во Скопје.

Share
Прочитај повеќе

Ден на фармери рекордери на „Бимилк“

-Најуспешните фармери за 2018 година добија плакети за своите достигнувања на денешната манифестација „Ден на фармери рекордери“, организирана од Млекара АД Битола. Им честитам и им посакувам успеси и во иднина. Ние како ресорно министерство нудиме механизми за развој и модернизирање на овој сектор. Во годинешната Програма за рурален развој значително ја зголемивме финансиската поддршка за мерката за набавка на приплоден добиток и за оваа намена одвојуваме близу 1,5 милиони евра, истакна министерот Николовски. 

Share
Прочитај повеќе

Во МЗШВ Работилница за валидација на дизајнот на националниот мониторинг на шумите

Работилница за валидација на дизајнот на националниот мониторинг на шумите денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). 

Share
Прочитај повеќе

Предупредување за обилни врнежи до 17-ти мај

Под влијание на серија влажни бранови денес и во наредните денови времето ќе биде претежно облачно и нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд од над 50 л/м2, а во крајните западни и југоисточни делови и над 70 л/м2 за целиот период. Локално, процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Николовски во Р. Чешка на бизнис средби со македонски и чешки компании

-Нашата посета на Република Чешка доаѓа во вистинско време, бидејќи развојот на сточарството, вклучително и на млекопроизводството, е од посебен интерес во креирањето на политиките на Владата на РСМ и на Министерството за земјоделство, шумарство и вододостопанство. Индустријата за млеко и млечни производи е еден од најважните сегменти во агро-индустрискиот комплекс, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

За прв пат потпишана Декларација за соработка во областа на земјоделството помеѓу Република Северна Македонија и Република Чешка

Со Декларацијата е предвидена взаемна соработка на двете држави во делот на трговската размена со земјоделско-прехранбени производи, размена на искуства во областа на здравјето на растенијата и фитосанитарна политика,шумарската политика, соработка во евро-интегративните процеси во земјоделските и руралните сектори, како и шумарството, рибарството и аквакултурата, лозарство, производство на вино, консолидација на земјоделско земјиште, осигурување и инструменти за финансиска поддршка во земјоделството и друго.

Share
Прочитај повеќе