Министерот Николовски на средба со сточарите во Чашка и одгледувачите на свињи во Штип

-Обезбедуваме финансиска поддршка за набавка на фотоволтаични колектори и водопоила во бачилата. Работиме на измени во Законот за пасишта со кои ќе се овозможи склучување повеќегодишни договори за користење на пасиштата, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Со проект на УНДП, ќе се обноват метеоролошките и хидролошките станици во полошкиот регион

Проектот „Подобрување на отпорноста од поплави во полошкиот регион“ ќе овозможи навремено и точно информирање на граѓаните со важни информации кои се особено важни за земјоделците со цел да превземат или со време да реагираат за да ги ублажат загубите врз производството во полошкиот регион.

Share
Прочитај повеќе

Четврта работна сесија на работната група за Земјоделство и рурален развој

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска присуствуваше на четвртата работна сесија на работната група за Земјоделство и рурален развој, организиранa од страна на Националната конвенција на Европската унија во Република Северна Македонија

Share
Прочитај повеќе

Финишира откупот на тутунот, откупени 25 милиони килограми тутун по просечна цена од 214,34 денари

Заклучно со 22 февруари откупени се околу 25 милиони килограми, со просечна цена од 214,34 денари по килограм. Од страна на откупните претпријатија на тутунопроизводителите досега им се исплатени над 5 милијарди денари, односно високи 96% од откупените количини тутун. Законскиот рок за завршување на откупот е 15-ти март.

Share
Прочитај повеќе

Исплатени 16 милиони евра субвенции за сточарство

16 милиони евра за субвенции исплатени се за одгледувачите на обележани грла кози, овци, говеда и несилки. Изминатите денови заедно со исплатата на средствата за лозарите на вкупно 33,113 сточари и лозари исплатени се 25 милиони евра за субвенции.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ и производителите на јаболка се договорија, за една недела ќе подготват заеднички предлози

-До 1-ви март ќе излеземе со заеднички предлози и мерката би се донесла после претседателските избори, бидејќи сега сме ограничени за менување во годишната програма поради предизборниот период. Во врска со времената мерка што заврши на 25 декември лани, калкулациите беа тие 3 денари по килограм за предадено индустриско јаболко, да се трансформираат во субвенциите по хектар. Затоа во новата Програма за 2019 година, субвенциите за одржување на насади се зголемени од 39.000 денари по хектар на 50.000 денари, со тоа што имаат дополнителни 15% за подрачја со ограничнеи можности над 700 метри надморска височина, а Ресен влегува во таа категорија, и таа субвенција за развојните категории достигнува 57.500 денари по хектар. Тоа е прифатено и поздравено од овоштарите“, изјави шефот на кабинет на МЗШВ, Трајан Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Производителите на јаболка утре ќе имаат средба со претставници од МЗШВ

МЗШВ и во новата Програма за директни плаќања по консултациите со овоштарите направи промени за развој на оваа гранка, со цел од една страна да им се овозможи на производителите на јаболка рентабилно производство, а друга страна да се обезбеди квалитетно и конкуретно производство.

Share
Прочитај повеќе

Мерката за укинување на давачки за увоз на замрзнато свинско месо дава позитивни резултати

-Од 1-ви декември лани до 18- ти овој месец се извезени производи од месо во вкупна количина од 880 илајди килограми, што значи дека позитивниот тренд продолжува. Еден од аргументите кој што беше при носењето на оваа одлука беше ниската искористеност на преработувачките  капацитети во оваа индустрија и опасноста од колапс на оваа индустрија. Денеска заклучуваме дека имаме и во дел раст,  а искористеноста на капацитетит од 28 % е зголемена на 40 %“, нагласи министерот Николовски.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ: Мерките во новите Програми за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот равој се подготвуваа во комуникација со производителите на јаболкa

Оваа година, финансиската поддршка за одржување на насади со јаболка се зголемува од 33.000 денари на 41.000 денари по хектар, а 20 отсто повисокa финансиска поддршка добиваат овоштарите со развоен потенцијал, поточно за оние овоштари кои имаат од 1 до 5 хектари поддршката расте од 39.600 на 50.000 денари по хектар.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Ги олеснуваме условите за аплицирање, очекуваме повеќе апликации за градинарството

-Земјоделците можат да аплицираат за субвенции со минимилна вкупна површина со 0.2 хектари, а не како досега за минимум 0.2 хектари по градинарска култура. На овој начин се очекува драстично намалување на земјоделците кои во претходните години се одбивани заради  административни процедури и можни технички грешки при аплицирањето, а истовремено ќе се зголеми бројот на апликации за градинарство“, изјави Николовски.

Share
Прочитај повеќе