До петок трае јавниот оглас за давање под закуп на државното земјоделско земјиште на поранешниот агрокомбинат Џумајлија

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ги известува сите заинтересирани, дека Јавниот оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари во регионот на Свети Николе, трае до петок оваа недела, односно до 29.06.2018. Станува збор за дел од земјиштето кое беше во сопственост на поранешниот агрокомбинат Џумајлија.

Share
Прочитај повеќе

Интервентна субвенција од 4 денари за предадени домати во преработувачки капацитети

На овој начин со постоечката дополнителна субвенција за предаден зеленчук во преработувачки капацитети од 3 денари за килограм, производителите на домати ќе добијат вкупно 7 денари субвенција за предадени домати во регистрирани преработувачки капацитети. Одлуката се очекува да биде донесена следната недела на седница на Влада. Ваквата одлука ќе важи за сите земјоделци кои ќе го предадат доматот во преработувачките капацитети до 15 јули годинава.

Share
Прочитај повеќе

Пониски трошоци, поекономично и поконкурентно производство се бенефитите од консолидација на земјоделското земјиште

На денешниот работен состанок, експертот за управување со земјиште и Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации, Мортен Хартвигсен ја потврди и помошта од ФАО за ревизија на Законот за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост, кој во моментов е нефункционален.

Share
Прочитај повеќе

Почна постапката за објавување јавен оглас за откуп на 12.000 тони домашна пченица

На овој начин, според МЗШВ, ќе се мотивираат мелничарите да откупуваат домашна пченица која потоа ќе ја продадат на Агенцијата за стоковни резерви, а воедно ќе се влијае и на постигнување солидна откупна цена на домашното жито. 
Прв пат ќе се пуштат и помали лотови на кои ќе можат да конкурираат и земјоделците.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ договара вишокот домати да го откупат домашните преработувачи

Почетната откупна цена на доматите беше 25 до 30 денари за килограм, а сега е 10 до 15 денари за килограм. Со цел да им се излезе во пресрет на земјоделците, МЗШВ веќе е во комуникација и договара, вишокот на домати да го откупат домашните преработувачките капацитети, наведува Министерството.

Share
Прочитај повеќе

Потпишани првите 13 договори за набавка на трактори од ИПАРД 2 Програмата

Денеска се потпишаа првите 13 договори од вкупно 692 потенцијални корисници на средства од ИПАРД 2 Програмата. Вкупната поддршка за набавка на трактори од ИПАРД 2, е околу 5,8 милиони евра. Од нив над 1,4 милиони евра се од Националното финансирање, додека близу 4,3 милиони евра се од Европските средства. Со оваа сума ќе бидат опфатени сите што имаат комплетни апликации.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ ќе потпише меморандум за соработка во земјоделството со Хашемитското Кралство Јордан

Главна заложба ќе биде да се отстранат или намалат царинските бариери, со што македонските овошја и раноградинарски производи би се нашле на тамошниот пазар во рамноправна положба со европските.

Share
Прочитај повеќе

Со експертиза на ФАО, МЗШВ успешно ги спроведува активностите за консолидација на земјоделско земјиште

Измените на Законот за консолидација на земјоделско земјиште, кои се усвоија од страна на Собранието минатиот месец, се важен чекор кон ефикасно и транспарентно спроведување на активностите. Во моментот на терен се спроведува консолидација на земјоделското земјиште на 12-те избрани подрачја во земјата.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Создаваме поволни услови за поголемо искористување на европските фондови

Оваа година ќе бидат објавени нови повици на кои индивидуалните земјоделци и агрокомпаниите ќе можат да аплицираат за финансиска поддршка. Заедно со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се преземаат мерки за создавање на поволни услови и полесни административни процедури за потенцијалните корисници и се надеваме на што поголема искористеност на европските фондови.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ на терен во увид на штетите во овчеполскиот регион

Утврдено е дека има штета на земјоделските површини како лозови насади, површини со житни култури и зеленчук, но и материјална штета на објекти и приватни имоти.

Share
Прочитај повеќе