МЗШВ на терен во увид на штетите во овчеполскиот регион

Вести

Претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со локалните власти,  по невремето во овчеполскиот регион, излегоа на терен, во увид на штетите врз земјоделските посеви.

Според првичините проценки во регионите на општините Лозово и Свети Николе, од невремето е предизвикана штета на површина од околу 5.000 хектари.

Претставниците од МЗШВ реализираа средби со градоначалниците на овие општини.

Бидејќи освен штети врз земјоделските посеви, невремето предизвика и материјални штети, локалните власти организираа итни состаноци на Советите и се формираа Комисии за проценка на штетите.

Комисиите ќе извршат проценка на предизвиканите штети од невремето проследено со силен дожд, град и ветер.

Засега е утврдено дека има штета на земјоделските површини како лозови насади, површини со житни култури и зеленчук, но и материјална штета на објекти и приватни имоти.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *