Откуп и продажба на земјоделски производи, трето тримесечје од 2018 година

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: житата, индустриските растенија, градинарските растенија, овошјето, грозјето, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата и млекото, а намалување е забележано кај: фуражните растенија, млечните производи и рибата.

Share
Прочитај повеќе

Се чека почетокот на откупот на тутунот

-Министерството за земјоделство ги презема сите мерки за задоволување на условите за квалитетен и непречен откуп на тутунот. Во соработка со откупувачите и со производителите, како и со државниот земјоделски инспекторат, Министерството ја формираше комисијата за процена на тутунот и во Институтот за тутун веќе заврши верификацијата на мострите. Деновиве инспекторатот ги проверува пунктовите по што откупувачите ќе може да почнат со преземање на договорените количества тутун, вели Елези.

Share
Прочитај повеќе

Еден месец по воведувањето на новата интервентна мерка, откупена е една третина од индустриското јаболко

Дополнително, во годинешната Програма за финансиска поддршка во земјоделството, за 20 отсто се зголемени субвенциите за одржување на овошни насади за земјоделците со развоен потенцијал. За реконструкција кај овошните насади, особено кај јаболката за промена на асортимент, се воведе нова поголема субвенција од 9.900 денари.

Share
Прочитај повеќе

Преспанските овоштари задоволни од цената на јаболката

– Очекувам да се стабилизира цената на пазарот и да нема пад. Досега сме задоволни од тоа како тече откупот на трпезното јаболко, кое годинава е со добар квалитет. Интервентната мерка на Владата од три денари за килограм индустриско јаболко, која ни беше ветена ќе овозможи овоштарите во местата погодени од град да покријат дел од трошоците, истакна Пампулевски.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Николовски гледа политика во протестите на производителите на сливи

Државата нема проблем со откупот, вели Николовски, зашто одобриле по 2 денари за откупувачите и 3 денари за производители за предаден килограм сливи.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ го решава проблемот со откупот на сливи, се воведува нова субвенција

Сите правни лица откупувачи на сливи регистрирани за преработка на земјоделски производи и правни лица регистрирани за вршење на трговија со земјоделски производи,  кои извршиле откуп на сливи од реколта 2018 година од домашно производство ќе добијат субвенција од 2 денари по килограм за откупени сливи. Финансиската поддршка ќе стапи на сила со објавување на одлуката во Службен весник  на РМ, и ќе важи  за откупени количини на сливи до 15 септември 2018 година, по откупна цена не пониска од 5 денари за килограм за индустриски сливи.

Share
Прочитај повеќе

Во Кавадарци започна откупот на винско грозје

Главниот енолог во визбата Марко Стојаковиќ информираше дека цените на грозјето, од сортите, шардоне, рајнски ризлинг, италијански ризлинг и совињон бел се 19 денари за општа берба, а 22 денари ќе се плаќа за килограм грозје пакувано во гајба, исплатата ќе биде во рок од три дена. Темјаниката и траминец ќе се откупуваат за 25 денари, додека за во гајби цената изнесува 28 денари.

Share
Прочитај повеќе

Оваа недела Државниот инспекторат за земјоделство ќе излезе со податоци за откупот на пченица од годинашната жетва

Откупната цена на пченицата зависи од квалитетот, а пченицата која што се откупува од 7 до 8,5 денари за килограм е наменета за сточна храна, потенцираше на вчерашната прес конференција Шефот на Кабинет во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски. 

Share
Прочитај повеќе

Во тек е откупот на боровинка во Бимфоод Доо

Во моментов во тек е откупот на боровинката во Bimfood Doo, која се купува од најчистите предели од Ресен, Демир Хисар, Крива Паланка, Битола…
Очекувањата на компанијата се дека ќе бидат откупени околу 500-600 тона боровинка. 

Share
Прочитај повеќе

Производителите бараат цената на пченицата да биде заштитена со минимум 12 денари

Интервентен откуп на пченицата, иако е доцна, побараа производителите на лебното зрно од Пелагонискиот, Полошкиот и од Скопскиот регион на вчерашната средба во Прилеп со Националната федерација на фармерите на Македонија.

Share
Прочитај повеќе