Во тек е откупот на боровинка во Бимфоод Доо

Вести

Долгата работна традиција и модерна технологија на преработка и пакување, ја прават компанијата “BIMFOOD” d.o.o. една од лидерите за собирање, преработка, пакување и дистрибуција на печурки и останатите шумски плодови во реонот на Македонија и Балканот.

Во моментов во тек е откупот на боровинката во Bimfood Doo, која се купува од најчистите предели од Ресен, Демир Хисар, Крива Паланка, Битола…

Очекувањата на компанијата се дека ќе бидат откупени околу 500-600 тона боровинка.

По откупот, Bimfood со својот габаритен капацитет на замрзнување од 8000 тона на годишно ниво, комплетно ја преработува боровинката: ја чисти од механички и органски нечистотии и ја замрзнува во шок тунел.

Се пакува по желба на купувачот.

 

Пласманот, е обезбеден на пазарите во Германија, Австрија, Италија и други земји.

Минатата година откупот завршил на 31 август. Оваа година, зависно од климатските услови, се очекува исто така, да биде завршена пред крајот на месец август.

Боровинките растат како грмушка, цветаат од мај до јуни, а вкусните плодови во вид на бобинки созреваат од јули до септември. Лековити се и нежни зрелите плодови и лисјата. Листовите се берат пред узревање на плодовите и се сушат на суво место и на провев. Зрелите плодови се берат во лето, а се сушат на сонце. Плодот е темносино – црна округла, сочна бобинка, со пријатен киселкасто – сладок вкус, малку со остар вкус. Како лек се користат свежи и суви бобинки, сок од зрели бобинки, сируп и вино.

Од боровинки се подготвуваат чаеви за лекување на чир, пролив, недостаток на апетит, шеќерна болест и други. Бидејќи боровинките се многу здрави, треба што почесто да се користат во исхраната.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *