Откуп и продажба на земјоделски производи, трето тримесечје од 2018 година

Вести

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2018 година, откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 38.9 % во однос на истиот период од претходната година.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 51.9 %, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано зголемување за 26.0 %.

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: житата, индустриските растенија, градинарските растенија, овошјето, грозјето, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата и млекото, а намалување е забележано кај: фуражните растенија, млечните производи и рибата.

Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува зголемување на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи во сите три месеци од третото тримесечје.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *