Бачовски: Финансиската поддршка што се нуди преку ИПАРД програматa е огромен стимул за македонската преработувачка индустрија

Финансиската поддршка која се нуди преку ИПАРД програматa е огромен стимул за македонската преработувачка индустрија.

Share
Прочитај повеќе

Платежната агенција треба да исплати 8,7 милиони евра до крај на годината

– Најновите информации се дека до крајот на годината 8,7 милиони евра треба да бидат исплатени од Платежната агенција. Убеден сум дека ќе бидат исплатени заради тоа што веќе до Платежната агенција се поднесени барањата за исплата на најголемите проекти во делот на мерката на преработувачката индустрија. Лично ги мотивирам и разговарам со сите апликанти да ги забрзаат своите процедури. Секторите за одобрување и за исплати на Платежната агенција ќе работат интензивно летото, рече Николовски, одговарајќи на новинарски прашања.

Share
Прочитај повеќе

Презентирани новите стандарди за квалитет на меленото месо, подготовките и производите од месо

Од аспект на подобрување на деловната клима, во периодот што следи, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе пристапи и кон поедноставување на документацијата која задолжително треба да ја следи пратката. Комерцијалниот документ за храна од животинско потекло кој ја следи пратката ќе се интегрира и поврзе со слични типови на документи кои се потребни при транспортот на пратката, односно, ќе се изврши редуцирање на можноста од дуплирање на документацијата, а ќе се воведе и можност за електронско водење на таквата евиденција.

Share
Прочитај повеќе

Поповолни очекувањата во преработувачката индустрија

Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во февруари 2019, во однос на јануари 2019 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени во однос на јануари 2019 година.

Share
Прочитај повеќе