Пчеларите ќе можат да закупат земјоделско земјиште, каде би ги поставувале пчелните семејства

Министерот објасни дека измените на законот, направени врз основа на сериозни анализи, треба да овозможат поголемо вклучување на млади лица во земјоделството. Затоа, младите лица до 40 години ќе бидат ослободени од плаќање закупнина 3 години откако ќе добијат државно земјоделско земјиште. Се решава и проблемот што го имаа пчеларите со недостатокот на површини за поставување на пчелни семејства, кои ќе може да закупат државно земјоделско земјиште за таа намена. И земјоделците што веќе користат хектар или два државно земјиште ќе може да аплицираат за дополнителни парцели, сè до обезбедување на површина од 10 хектари, со што се создаваат услови за окрупнување на површините и за зголемување на производството.

Share
Прочитај повеќе

Средба Илиевски-Трајковски за проблемите со пчеларите

Раководителот на МЗШВ ПЕ во Битола Методија Илиевски одржа работна средба со пчеларот Менде Трајковски. На средбата од страна на Трајковски беа посочени проблемите со кои што се соочуваат пчеларите во пелагонискиот регион.

Share
Прочитај повеќе

Пчеларите од Кочанско позадоволни од приносите на мед во споредба со лани

Шест до седум килограми мед по кошница во просек добија годинава пчеларите од кочанскиот регион, со што оценуваат дека сезоната е многу подобра во споредба со лани. Со остварените приноси ќе се задоволи побарувачката на домашникот пазар, а со цената од 400 денари, што ја сметаат за прифатлива за купувачите, ќе можат да се покријат поголем дел од производните трошоци.

Share
Прочитај повеќе

Штипските пчелари и оваа година имаат помали приноси на медот

– Приносот на мед е од седум до осум килограми во просек од пчелно семејство во ниските делови. Во споредба со лани имаме некое подобрување, но не е како поранешните години, кои беа многу добри. Имавме и просек, односно не беа под 20 или 30 килограми од пчелно семејство, рече Толев.

Share
Прочитај повеќе

Пчелари од Малта во посета на дебарскиот регион

-Заедно со другите пчелари ги запознавме со активностите на пчеларските друштва, локациите каде најчесто ги поставуваме пчелните сандаци, производството и секако заштитата на здравјето на пчелите, како и влијанието на временските услови врз самото поризводство, изјави Петревски, кој со пчеларство се занимава речиси пет децении.

Share
Прочитај повеќе

Кривопаланечките пчелари усовршија нови апитехнички методи

Целите на проектот се преку теоретски и практични работилници, членовите на Здружението да се запознаат и да започнат да ги применуваат современите апитехнички методи за унапредување на производството на примарните пчелни производи, како и сериско производство на матици. 

Share
Прочитај повеќе

Кривопаланечките пчелари се обучуваат за современо производство на пчелни продукти и матици

Славковиќ најави уште две работилници кои треба да се одржат на истата локација. Следната обука е закажана за утре, 16 мај, среда, на која ќе се работи на тема „вадење матичен млеч и префрлување матичници во оплодници“.

Share
Прочитај повеќе

Пчеларите очекуваат добра година

– Пчелните семејства добро се развиваат поради што и предвидуваме дека ќе го достигнеме просекот од добрите години кога произведувавме по 25 – 30 килогрими. Ако временските услови дозволат, не е исклучено да произведеме уште повеќе, до 50 килограми, па дури и 100 колку што е максимумот кај нас, вели претседателот на Регионалниот пчеларски сојуз Менде Трајковски.

Share
Прочитај повеќе

Пчеларите од Македонска Каменица добија медоносни дрвца

Како што истакна претседателот на друштвото Боге Јанковски  поделени се медоносни дрвца од видовите „Styphnolobium japonicu“ и„evodia“ кои пчеларите треба да ги засадат во своите пчеларници за да се подобри приносот на мед.

Share
Прочитај повеќе