Средба Илиевски-Трајковски за проблемите со пчеларите

Вести

Раководителот на МЗШВ ПЕ во Битола Методија Илиевски одржа работна средба со пчеларот Менде Трајковски. На средбата од страна на Трајковски беа посочени проблемите со кои што се соочуваат пчеларите во пелагонискиот регион.

– Овој период пасивни сме со пчелни активности но секојдневно сме на семинари. Од искуствата по семинарите мислам дека кај нас треба да се формира една неформална група на земјоделци каде сите заедно здружени ќе можеме да делуваме.  Ние веќе имаме задруга која е формирана уште во 2005 година. Оваа година аплициравме на повикот за земјоделските задруги и успешно ја поминавме првата фаза, рече пчеларот Менде Трајковски.

Она што ги мачи пчеларите во нашата држава е проблемот со фалсикуван мед што ретко кој купувач  може да го препознае, рече Трајковски. Со тоа според него се намалува конкурентноста на природниот и квалитетен мед што го произведуваат пчеларите. Првичен чекор кон ова решение ќе биде обезбедување на просторија каде ќе биде стационирано здружението на пчелари од каде што истото ќе може да ги застапува пчеларите и да работи на нивните потреби и барања.  Следно со заедничка соработка ќе се работи на заштита на македонската пчела , рече раководителот на ПЕ на МЗШВ Методија Илиевски.

– Зајакнувањето на капацитетие на здружението на пчелари е од голем интерес на пчеларството во нашиот регион, преку здружението пчеларите ќе може да ги адресираат своите потреби и барања, со обезбедувањето на просторија за работа, здружението ќе се стекне со  основните ресурси да може непречено да работи на напредокот на пчеларството, рече Илиевски.

Македонскиот мед е препознатлив производ со висок квалитет, кој може и тоа како да биде извор за езгистенција на пчеларите. Развојот на пчеларството и заштитата на македонската пчела ќе биде врвен приоритет во соработката која ќе следи и во понатамошниот период помеѓу  ПЕ МЗШВ во Битола и Здружението на плечари од Битола. Во битолското здружение на пчелари зачленети се од 80-120 членови бројка која варира. На ниво на Република Македонија постојат 30 здруженија на пчелари од кои најактивно е здружението во Пелагонискиот регион.

 

тера.мк

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *