ЈАВЕН ПОВИК бр.4/2023 – Мерка 121 – Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства

Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник за Мерка 121 – Инвестиции за
модернизација на земјоделски стопанства изнесува 600.000,00 денари. Крајниот рок за доставување на барањата за финансиска поддршка не подоцна од 10.06.2023 година.

Share
Прочитај повеќе

За пчеларите во моментов две можности за неповратни пари, преку Ипард и мерката „Млад земјоделец“

Услови и потребна документација за користење на средства од ИПАРД , мерка 7 – „Алтернативно земјоделско производство“

Share
Прочитај повеќе

„ Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“

Тече подготвителниот период за подготвување на потребна документација за повикот што наскоро ќе биде објавен и ќе може да се доставуват апликации.

Share
Прочитај повеќе

Исплатени субвенциите за пчеларите

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 3.820 лица исплати 164.965,600,00 денари за фармерите кои одгледуваат и имаат презимени пчели.

Share
Прочитај повеќе

Менде Трајковски: Со Земјоделската Задруга Нектар-Бт ќе спроведеме успешен агро бизнис – медот ќе се пакува и преку задругата ќе се пласира на пазарот

-Очекуваме да ни се приклучат нас или сами да пристапат кон здружување и формирање на нова задруга и да ги искористат бенефитите кои за прв пат ги дава оваа Влада и МЗШВ.  Придобивките се огромни. Здружени во задругата и со набавката на машините е супер шанса за нас, но ако не бевме здружени немаше да добиеме ваков проект и ваква финансиска поддршка. Повеќето пчелари се со мал капацитет и како се обединуваме заедно, ќе бидеме интересни за пазарот во врска со пласманот на медот и останатите пчелни производи. Не се приморани пчеларите секој поединечно да формира фирма, и токму затоа е многу полесно за сите, истакна Трајковски.

Share
Прочитај повеќе

Годинава ќе има мед, не само за лек, туку и за извоз во Словенија

Годинава прогнозите на пчеларите се дека ќе има доволно мед не само за лек туку и за задоволување на домашните потреби. Пчеларите се надеваат дека  по неколку лоши години, годинава ќе биде медоносна и ќе ги соберат планираните количества мед. Ако се произведат поголеми количества мед може и да извезуваме, а засега интерес за увоз на македонски мед пројавила Словенија.

Share
Прочитај повеќе

Каква година очекуваат пчеларите?

„Годинава ќе имам добар принос, и очекувам 20 килограми по кошница. Но, сѐ зависи од тоа кој како ги одгледувал пчелите. Годината почна лошо, март беше сушен, немаше дожд, моравме да ги прехрануваме пчелите, но потоа природата направи чуда. Во природата сега има влага, и во кошниците има и затоа е добро медот да „одлежи“, па потоа да се вади. На 15 јули ќе знаеме како сме поминале годинава кога ќе почне да се вади медот. За пчеларите 1 август е Нова година, затоа што тоа што било поминало, годината завршила, се вади медот и почнува зазимување“, вели Тасевски кој има 110 кошници во кумановско.

Share
Прочитај повеќе

Расте цената на багремовиот мед

Променливото време со многу дождови, многу лошо влијае на првата ударна паша. Нектарот пчелите го собираат измеѓу врнежите, а ладниот бран го прекинува цветањето на багремот, се очекува дека приносот на мед од овие пчелни паши, ќе биде исклучително намален, така што ќе се зголемат цените во продажбата.

Share
Прочитај повеќе

Пчеларите ќе можат да закупат земјоделско земјиште, каде би ги поставувале пчелните семејства

Министерот објасни дека измените на законот, направени врз основа на сериозни анализи, треба да овозможат поголемо вклучување на млади лица во земјоделството. Затоа, младите лица до 40 години ќе бидат ослободени од плаќање закупнина 3 години откако ќе добијат државно земјоделско земјиште. Се решава и проблемот што го имаа пчеларите со недостатокот на површини за поставување на пчелни семејства, кои ќе може да закупат државно земјоделско земјиште за таа намена. И земјоделците што веќе користат хектар или два државно земјиште ќе може да аплицираат за дополнителни парцели, сè до обезбедување на површина од 10 хектари, со што се создаваат услови за окрупнување на површините и за зголемување на производството.

Share
Прочитај повеќе

Средба Илиевски-Трајковски за проблемите со пчеларите

Раководителот на МЗШВ ПЕ во Битола Методија Илиевски одржа работна средба со пчеларот Менде Трајковски. На средбата од страна на Трајковски беа посочени проблемите со кои што се соочуваат пчеларите во пелагонискиот регион.

Share
Прочитај повеќе