Објава на решение од МЗШВ за насипна брана Отиња

Студијата за оцена на влијанијата врз животната средина на проектот – Насипна брана со придружни објекти “Отиња“ во општина Штип ги задоволува барањата за заштита на животната средина со примена на мерките за спречување и за намалување на штетните влијанија врз животната средина.

Share
Прочитај повеќе

Решение од МЗШВ во врска со огласот за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари

Со ова Решение се поништува дел од Јавниот оглаc бр.01/19 за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари пo пат на електронско jaвнo наддавање, и тоа за географска целина бр.5 Куманово КО Љубодраг со површина од 26ха 84ар 82 м2 и за географска целина бр.20 Штип КО Таринци co површина од 44ха 15ар 62 м2.

Share
Прочитај повеќе

Утре одложување на законот за пазари

Утре во Собранието пратениците ќе треба да донесат одлука за одложување на законот за трговија на зелените пазари. Првично е предвидено законот да се одложи на една година, односно до први јануари 2020-та година. Се најавуваат јавни дебати и вклучување во изработка на нов закон на сите инволвирани страни.

Share
Прочитај повеќе

Владите на Македонија и Косово преговараат за изнаоѓање решение за зголемените царини

Во насока на решавање на проблемот со воведените зголемени царини од страна на Косово, министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, е во постојана комуникација со ресорните министри од регионот. Следната недела е планирана заедничка средба на сите ресорни министри од регионот, на која што ќе присуства и министерот Николовски, а се со цел да се добие заеднички модел за надминување на проблемот.

Share
Прочитај повеќе

Шумската полиција до средината на мај ќе добие колективен договор

– Се дискутираше за постапката пред другите надлежни органи, со што ќе се увиди потребата од прекувремени часови. Се очекува до средината на мај да заврши процесот на преговори во однос на потпишувањето на колективниот договор, стои во соопштението на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Share
Прочитај повеќе