Нови 20 милиони евра за изградба на системите за наводнување Лисиче и Јужновардарска долина трета фаза

Владата на вчерашната седница донесе одлука за пренамена на средства од Програмата за енергетска ефикасност и обновливи енергии, а кои ќе се искористат за финансирање на проекти од областа на наводнување кои ги спроведува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Станува збор за финансиски средства по основ на доделен заем од Владата на Сојузна Република Германија, односно германската кредитна развојна банка KfW.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Со изградба на градини во училиштата до едукација на младите за вредноста на производството на храна

По повод Светскиот ден на храната, денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, присусутвуваше на одбележување на овој светски ден во ООУ “Аврам Писевски”. Настанот под мотото “Нашите дејствија се наша иднина, свет Без Глад до 2020 година е возможен”, беше во организација на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со ООУ “Аврам Писевски” и граѓанските организации “Слоу Фуд Водно” и “Ајде Македонија”.

Share
Прочитај повеќе

Вредноста на српското земјоделско производство во 2018, проценето на 5,7 милијарди долари

Вкупната бруто вредност на земјоделското производство во Србија во 2018 година е проценето на 5,7 милијарди долари, што е за 21,9 отсто повеќе во однос на 2017 година, објави денеска земјоделски портал Агросмарт од Нови Сад.

Share
Прочитај повеќе

Министрите Николовски и Царовска потпишаа Декларација за подобар статус на руралните жени

Со зголемување на бројот на жени кои ги користат европските фондови, директно го помагаме нивното учество во македонскиот агросектор и правиме значаен чекор напред во постигнување на родова еднаквост во земјоделството“, изјави министерот Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Зошто да формирате земјоделска задруга?

Недостатокот на финансиски средства и слабиот пристап до кредити го наметнува прашањето како земјоделците најдобро можат да ги заштитат своите економски интереси. Решението треба да се бара во организирање на земјоделците во компании кои ќе овозможат заеднички да ги решаваат проблемите за кои не се доволно силни да ги решаваат индивидуално.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Воведуваме мерки тогаш кога му е најпотребно на земјоделците

Николовски додаде дека за преспанскиот регион досега се исплатени 336 милиони денари за сите мерки. На овој начин директно се поттикнува развојот на овоштарството и производството на јаболка.

Share
Прочитај повеќе

Прифатилиштата најсоодветен систем за контрола на популацијата кучиња

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, на иницијатива на Агенцијата, во соработка со г-дин Брајан Фаулкнер, претставник на Кралското здружение за заштита на животните од суровост од Велика Британија (RSPCA), одржа состанок со претставници од Заедницата на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС на кој се дискутираше за воспоставување на соодветен систем за контрола на бездомните кучиња од страна на општините.

Share
Прочитај повеќе

Започна есенската кампања за вакцинација на лисиците против беснило

Агенцијата апелира до граѓаните да внимаваат при движењето во природа и доколку најдат мамка никако да не ја допираат. Мамките се со кафена боја и наликуваат на чоколадни коцки. Направени се од смеса со рибино брашно и имаат мирис на риба кој ги привлекува лисиците.

Share
Прочитај повеќе

Овоштарите ќе добијат субвенција од 3 денари за предадено индустриско јаболко кај регистрирани откупувачи

Производителите на јаболко кои ќе го предадат своето производство кај регистрирани откупувачи, ќе добијат субвенција од 3 денари за килограм предадени јаболка. Условот за добивање на оваа нова субвенција, е родот да е предаден најдоцна до 25 декември годинава по цена не повисока од 5 денари за килограм.

Share
Прочитај повеќе

Преспанските овоштари задоволни од цената на јаболката

– Очекувам да се стабилизира цената на пазарот и да нема пад. Досега сме задоволни од тоа како тече откупот на трпезното јаболко, кое годинава е со добар квалитет. Интервентната мерка на Владата од три денари за килограм индустриско јаболко, која ни беше ветена ќе овозможи овоштарите во местата погодени од град да покријат дел од трошоците, истакна Пампулевски.

Share
Прочитај повеќе