Бостан Фест 2018 во село Егри

Седма година по ред ќе се одржи традиционалната манифестација, единствена од овој тип во државата, „БОСТАН ФЕСТ“ во село Средно Егри, Битола.
Оваа година на 18 август, во сабота, Егри ќе биде центарот на забавата и дружбата.
И „Современо Земјоделство“ ќе биде таму 😉

Share
Прочитај повеќе

Раст на индексот на цените во земјоделството

Во јули 2018 година, во споредба со јули 2017 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 109.6, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 101.1. 

Share
Прочитај повеќе

Денес стапува во сила руската забрана за увоз на праски

Николовски најави дека се бара алтернативен пазар за праските што нема да се пласираат во Русија. Како опции ги наведе британскиот, албанскиот и косовскиот. Претставници на британска фирма, рече, се веќе во Македонија и денеска ќе го посетат Росоман за да извршат проценка на родот.

Share
Прочитај повеќе

Македонски научници со револуционерен пронајдок – месни преработки без хемиски адитиви

Првпат во Република Македонија, но и во регионот па и во светски рамки, произведени се колбаси по традиционална рецептура при што е задржана нивната боја, вкус и трајност, а целосно да се изоставени хемиски дотатоци и засилувачи на вкус. Оспоруваните хемиски адитиви со Е-ознаки се заменети со природни состојки со што се постигнува добар квалитет кај колбасите, а истовремено се добива безбеден производ во кој целосно е елиминирана употребата на хемиските адитиви.

Share
Прочитај повеќе

Од утре стапува во сила руската забрана за увоз на праски

Откупувачите на праски од Росоман се во незивесност – дали ќе им бидат вратени уште три камиони кои моментно се на руската граница. Тоа би значело дополнителни 15.000 евра загуба по штетите што ги претрпеа откако изминативе денови Русија не дозволи влез на три камиони со образложение дека во пратките е пронајден „прасков црв“.

Share
Прочитај повеќе

Агро Метео: Сончево и топло, попладне дожд и грмежи

Во среда и четврток нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе биде на повеќе места, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок и сабота.

Share
Прочитај повеќе

Повеќе пати одмрзнато месо – опасно по здравјето

Откако еднаш ќе биде одмрзнато, месото не смее повторно да се замрзнува и да се става во промет. Тоа е опасно по здравјето. Според правилникот за квалитет на месо сите продажни објекти и кланици во Македонија се обврзани да продаваат свежо, разладено и смрзнато месо со декларација на која точно ќе бидат назначено земјата, потеклото и рокот на траење, нето тежината и условите на складирање.

Share
Прочитај повеќе

Јадете безбедна храна и во услови на високи температури

Труењето со храна е особено честа појава во летните месеци, бидејќи високите температури придонесуваат за полесно и побрзо развивање на микроорганизмите во храната. Од друга страна пак, луѓето во текот на летото повеќе консумираат ладна и сирова храна како што се: сладоледи, салати, брза храна (сендвичи) и сл.

Share
Прочитај повеќе

АХВ спроведува вонредни контроли во туристичките центри

За констатираните недоследности издадени се 23 решенија за нивно отстранување, издадени се вкупно 36 покани за едукација, а изречена е и една парична казна. Како небезбедни уништени се 25 килограми храна (10 килограми мелено месо и 15 килограми пилешки стек). 

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ го решава проблемот со откупот на сливи, се воведува нова субвенција

Сите правни лица откупувачи на сливи регистрирани за преработка на земјоделски производи и правни лица регистрирани за вршење на трговија со земјоделски производи,  кои извршиле откуп на сливи од реколта 2018 година од домашно производство ќе добијат субвенција од 2 денари по килограм за откупени сливи. Финансиската поддршка ќе стапи на сила со објавување на одлуката во Службен весник  на РМ, и ќе важи  за откупени количини на сливи до 15 септември 2018 година, по откупна цена не пониска од 5 денари за килограм за индустриски сливи.

Share
Прочитај повеќе