Бостан Фест 2018 во село Егри

Вести
Седма година по ред ќе се одржи традиционалната манифестација, единствена од овој тип во државата, „БОСТАН ФЕСТ“ во село Средно Егри, Битола.
Оваа година на 18 август, во сабота, Егри ќе биде центарот на забавата и дружбата.
Идејата и реализацијата се на Здружението за културен и земјоделски развој „Егри“ од Егри, а манифестацијата ќе започне во 15:30 часот.
Пристутна ќе биде и екипата на „Современо Земјоделство“ која за секој нов член има интересни изненадувања.
Поканети сте сите на музика, дружење и забава, и натпревар помеѓу земјоделците. Така, ќе бидат избрани најуспешните производители на повеќе земјоделски култури (најдобар производител на пченка, жито, јачмен, бостан итн). Исто така, ќе биде избрана и најголемата диња и лубеница.
Културно – забавниот дел ќе биде задача на битолската група Маестрал, Татијана Стефановска, и Дамјан Стојановски а ќе има и богата лотарија.
Сабота, 18 август со почеток од 15 часот и 30 минути.
ПОКАНЕТИ СЕ СИТЕ!
М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *