Приходите на „Тиквеш“ стигнаа до сума од 20 милиони евра

Од аспект на хектолитрите продажбата на домашниот пазар учествува со 45 отсто, а на странските пазари со 55 отсто. Од аскект на остварените приходи 58 отсто се од продажбата реализирана на домашниот пазар, а 42 отсто од извозот. Тоа значи дека „Тиквеш“ за помалку хектолитри продадени дома генерира повеќе пари од продажбата надвор во однос на продаденото количество.

Share
Прочитај повеќе

Хрватска бара увезена работна сила за берба на јаболка

Оваа сезона овоштарите во Хрватска ќе имаат богат род, се очекуваат од 100.000 до 120.000 тони јаболка, за што ќе бидат потребни 10.000 берачи. За 50 хектари со јаболка се потребни 50 берачи. 

Share
Прочитај повеќе

Околу три милиони килограми праски од Росоманско извезени во Русија

Игор Милошевиќ од Здружението „Росоманска долина”  денеска информираше дека и во земјава  биле продадени околу три милиони килограми од ова овошје. Во домашните преработувачки капацитети пак, завршиле околу милион килограми праски. Во моментов се бере сортата „крес хевен”, а цената е од 18 до 20 денари за килограм.

Share
Прочитај повеќе

Владата вчера ги донесе и предложените сет мерки за пченицата

Третата мерка, како што истакна ресорниот министер, има за цел да го заштити домашното производство и од оваа жетва да се откупи што повеќе домашна македонска пченица.Поточно секој откупувач на пченица запишан во регистрарот на откупувачи кој што ќе откупи домашна пченица од реколатата 2018, најдоцна до 15 септември годинава, и за истата исплатата ќе ја изврши најдоцна до 15 декември  2018 година, ќе добие субвенција од 1 денар за килограм откупена пченица.

Share
Прочитај повеќе

Се продава овоштарник со аронија во село Жабени

Се продава овоштарник засаден со аронија со 1800 садници во село Жабени.

Share
Прочитај повеќе

Агро – Метео

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Понестабилно ќе биде во западните и крајните источни делови, особено во попладневните часови, а најмалку врнежи ќе има долж Повардарието каде ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.

Share
Прочитај повеќе

Министерски состанок во Белград за зголемените царини на Косово

Заеднички став за одлуката со која Косово ги зголеми царините на овошјето и зеленчукот, се очекува од денешната средба во Белград чиј иницијатор и домаќин е српскиот министер за трговија Расим Љајиќ. На средбата, покрај македонскиот министер за земјоделство Љупчо Николовски, ќе учествуваат и црногорската министерка за економија Драгица Секулиќ, како и министерот за трговија и економски односи на БиХ Мирко Шаровиќ. 

Share
Прочитај повеќе

Поцков: Граѓаните на Гевгелија кои претрпеле штета од невремето да пријават во Општината

– Денес извршивме увид на состојбата во Негорци после вчерашното невреме. Градот и силните ветрови предизвикаа значителна штета на земјоделското производство. Комисијата за проценка на штети денес излегува на терен за првично согледување на состојбата. Сите граѓани кои претрпеа штети од невремето можат да пријават штета до петок (27 јули) во општинските канцеларии во населените места или директно во Општината, рече Поцков.

Share
Прочитај повеќе

Владата донесе Одлука за остварување договорен откуп на произведената пченица од род 2018

Како што соопшти владината прес-служба, со оваа програма и со новата уредба, кои се предложени заради воведување на нова подмерка – Директни плаќања за откупена пченица од род 2018 од домашно производство, се очекува остварување на договорениот откуп на произведената пченица од род 2018 година и ќе се подобри конкурентноста на домашната мелничка индустрија. 

Share
Прочитај повеќе

Во Прилепско оштетени близу 1.000 земјоделски семејства на преку 600 хектари

Ќе предложам оштетените земјоделци да бидат ослободени од плаќање надомест за наводнување, ќе излезам во пресрет на барањата во рамките на надлежностите и ќе побарам прогласување елементарна непогода за оштетените подраќја од невремето. Апелирам веднаш да се пријавуваат штетите, им порача Јованоски за земјоделците.

Share
Прочитај повеќе