Половина од познатиот дреновски кромид замина за Хрватска

– Најдобро е кога произведениот кромид има организиран пласман и се купува од меѓата на нивата. Така беше и оваа година при продажбата на околу половина од нашето производство, би рекол и од целата Тиквешија. Сега нема организиран откуп за хрватскиот пазар. Се снаоѓаме некако. Доаѓаат трговци од Скопје и купуваат одредени количини, па ги препродаваат таму на кванташки пазар. Продаваме и на пазарите во Битола и Прилеп. На македонскиот пазар потрошувачката е помала, можеби има зголемено производство, па цената е пониска, рече Ванчо Долев, производител на кромид.

Share
Прочитај повеќе

Шесте најдобри вински региони во Европа

Живописните пејзажи, екстензивните лозја, богатата историја и најдобрите вина во светот – што повеќе сакаат љубителите на вино и патувањата? „Wanderlust“ раскажува за шесте најдобри региони на вино во Европа.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Ги поддржуваме законските решенија за регулирање и редуцирање на отпадот на храна

Денеска во Загреб, Николоски присуствуваше на состанок на министрите од Западен Балкан, организиран од страна на Томислав Толушиќ, министер за земјоделство на Република Хрватска.  Се дискитураше за теми кои се важни за целиот регион, првенствено иницијативата за воспоставување на директива на фер трговска пракса, регистрирање на традиционални земјоделски производи и справувањето со вишокот на храна.

Share
Прочитај повеќе

Утре во Струмица ќе се одржи информативен настан на тема „ Развојни насоки на програмите за советодавни услуги во земјоделието за подобрување на локалната економија“

Целта на овој информативен настан е да се посочат идеи и предлози за идниот развој на советодавните услуги во земјоделието. Да се иницираат конкретни решенија за финализирање на предложените Законски промени како и дополнување на определени Законски акти кои што детално би го регулирале спроведувањето на овој систем, како и одредувањето на државната поддршка за истиот. 

Share
Прочитај повеќе

Производителите очекуваат високи приноси пченица

– Ова е една од подобрите години за житарките, барем до овој момент. Јачменот и пченицата се во одлична фаза, а болести нема. Има предуслови дури и за рекордни приноси, особено ако околу почетокот на мај заврне дожд, 10 до 15 литри по единица површина. Ова се однесува на локалитетите во кои се применуваат агротехнички мерки, каде прихраната е завршена и се спроведени заштитата од болести и хербицирањето, вели Огнен Оровчанец.

Share
Прочитај повеќе

Во Албанија државата им подигна на земјоделците плаcтеници на 1.000 хектари

Албанското министерство за земјоделство неодамна им помогна на земјоделците да подигнат 1.000 хектари пластеници, што беше голем поттик за овој вид на производство. Со ова на земјоделците им се овозможи во текот на целата година да произведуваат краставици, патлиџани, пиперки, брокула, карфиол…, а со производството на пченка и диви и култивирани малини, боровница, костени и тартуфи на отворено.

Share
Прочитај повеќе

Кучиња скитници задавија три кози и едно јаре во Кавадаречко

Кучиња скитници задавиле три кози и едно јаре, а една е повредена од нападот во близина на Кавадарци. Сопственикот Камче Дрваров кој надвор од градот чува домашни животни вели дека очекува ветеринарен доктор и случајот ќе го пријави во полиција.

Share
Прочитај повеќе

Македонија ја очекува дозволата за извоз на пастрмка во ЕУ

– Очекуваме за месец до два да бидеме ставени на листата, а потоа, преку зајакнување на биосигурносните мерки на рибниците, некои од нив и од одгледувалиштата да бидат одобрени за извоз, нагласува директорот. Според него, откако Македонија ќе ја добие дозволата за извоз на пастрмка во ЕУ, производителите или одгледувачите ќе може да аплицираат за извоз и да планираат долгорочни инвестиции во тој правец. 

Share
Прочитај повеќе

Промоција на проектот „Вклучување на родовите аспекти во руралниот и земјоделскиот развој”

Сојуз-Национален совет за родова рамноправност во партнерство со Здружението за локален и рурален развој и Рурална коалиција-Куманово, денес го организираа почетниот настан на ИПА проектот „Вклучување на родовите аспекти во руралниот и земјоделскиот развој.”

Share
Прочитај повеќе

Ќе се запази законскиот рок до 30 јуни, за исплата на субвенциите

Исплатата на субвенциите за преостанатите мерки за 2017 се одвива континуирано со цел да се запази законскиот рок за комплетно расчистување на 2017 година, односно 30-ти јуни. Од Програмата за 2018 година, ќе се изврши исплатата на субвенцијата за тутун.

Share
Прочитај повеќе