Само 20 отсто од краварските фарми се прва категорија

 – Од досега категоризираните 1.500 фарми со молзни крави во Македонија, само 20 отсто се прва категорија и ги исполнуваат европските стандарди за квалитет на сурово млеко кои дозволуваат максимум 400.000 соматски клетки и 100.000 бактерии во еден милилитар.

Share
Прочитај повеќе

Вирус ги испразни пчелните кошници во Кичевско

Во повеќе села во Кичевско, кај дел од пчеларите пролетва се случува феноменот празна кошница, а кај поединечни пчелари поради вирус има угинување на повеќе од половината пчелни семејства. Штетите допрва ќе се утврдуваат, а можен преносител на овој вирус се и самите трутови, на кои им се достапни сите пчелни семејства лоцирани на едно место.

Share
Прочитај повеќе

Диско супа – за подигање на свеста против фрлањето храна

– Како од храната која би завршила во корпите за отпадоци да се подготви вкусна супа, ќе можат да видат утре посетителите на настанот што го организираат Слоу фуд Млади – Македонија и „Ретвитни Oброк“ под мотото „Да си ги наполниме стомаците, наместо кантите!“.

Share
Прочитај повеќе

АХВ: Интензивно се работи на исполнување на условите за извоз на свежо свинско месо

Следува прекинување на вакцинацијата против класична свинска чума, а две години потоа и прогласување на Македонија како земја слободна од оваа болест со што практично ќе може нашето свежо свинско месо да се најде на пазарите низ светот, не само во ЕУ, вели директорот Атанасов.

Share
Прочитај повеќе

Во Делчево за субвенции досега аплицирале 620 земјоделци

Во Делчево досега за субвенции се пријавиле 620 земјоделци што е 41 отсто од годишните пријави.
Според раководителот на Подрачната единица на Министерството за земјоделство Иле Каранфиловски, процентот на пријавени земјоделци е помал, бидејќи подоцна почнало одбележувањето на добитокот и земањето крв, постапка што ја реализира Агенцијата за храна и ветеринарство.

Share
Прочитај повеќе

Во понеделник оглас за распределба на земјиште во „Џумајлија“

– Ќе се ревидира и распределбата на земјоделското земјиште. Околу 15.000 хектари се ослободени само во последниве месеци, денес во Министерството се спроведе електронска аукција за 4.000 хектари, а во понеделник ќе се распише нов оглас за над три хектари за „Џумајлија“ и други површини, – истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Интернационално крапско дружење на акумулацијата Палурци

Дваесет и една екипа од Македонија, Бугарија, Србија и Грција ќе учествуваат на Првото Интернационално Крапско дружење што денеска почнува на акумулацијата Палурци кај Богданци.

Share
Прочитај повеќе

85 милиони евра денеска исплатени за обесштетување на земјоделците од Ресен

Денескa се исплатени 85 милиони во ресенскиот регион кој беше најпогоден во 2017. Вкупно 2.355 земјоделци од Ресен кои претрпеа загуби, денеска можат да си ги подигнат парите.
Со оваа исплата започна обештетувањето, а вкупно ќе се исплатат над 4 милиони евра за обесштетување на 17.500 баратели во сите региони погодени од временските непогоди во 2017.

Share
Прочитај повеќе

Придобивки од органските производи

Органските производи содржат повеќе природни хранливи материи, како што се природните шеќери, витамин Ц, каротиноиди, антиоксиданси, и поголеми количини минерални материи како: калциум, магнезиум и железо. На пример, органското млеко содржи повеќе омега 3 масни киселини, а органските компири содржат повеќе витамин Ц. Еден од најмоќните антиоксиданси – ресвератролот – често се сретнува во органските производи, а се смета дека ги штити крвните садови.

Share
Прочитај повеќе

Европол: Од пазарите отстранети 3.600 тони опасна храна

Во рамки на истрагата „ОПСОН“ биле конфискувани големи количества расипано месо, хемиски обоена туна и шверцувано адаптирано млеко за бебиња. Истрагата траела четири месеци, односно од декември 2017 до март 2018 година, а била спроведена во 67 држави.

Share
Прочитај повеќе