Николовски: Mакедонија е силно посветена на олеснување на меѓународната трговија со земјоделски производи

„Целосно сме посветени на промоцијата и зајакнувањето на регионалната соработка, бидејќи тоа ќе води кон олеснета трговија помеѓу земјите од Југоисточна Европа, за да се постигне заедничката цел односно зголемена  конкурентност на секторот за земјоделство и храна. Ова е наведено и во Декларацијата на министрите за земјоделство која што во ноември минатата година ја потпишавме во Струга и во таа насока  ќе продолжиме да бидеме конструктивен партнер во регионалниот дијалог и во сите регионални иницијативи кои ќе ја забрзаат интеграцијата на државите од Западен Балкан во Европската унија. Ја користам оваа прилика да ја повикам Германија да ни помогне во скрининг процесот и сите реформи на коишто работиме во односи на земјоделството, а со цел да се доближиме до Европската Унија“, изјави министерот Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Николовски присуствуваше на состанокот на меѓународните министри со германската канцеларка Ангела Меркел

-Нема единствено решение за сите проблеми, проблемите варираат, но решенијата треба да ги вклучуваат интересите и на малите и на големите земјоделски стопанства, како и способноста за регенерација на природата, односно грижата за животната средина“, порача канцеларка Меркел.

Share
Прочитај повеќе

Рекордни 718 понуди пристигнаа за јавниот повик за давање под закуп на државно земјоделско земјиште до 3 хектари

Вкупно 718 понуди пристигнаа до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за учество на јавниот повик за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари. Рокот за поднесување на понуди заврши минатата недела, сега во тек е евалуација односно проверка на документацијата на понудите и во рок од 45 дена се очекува да се склучат договорите со оние земјоделците кои поднесле комплетна и уредна документација. 

Share
Прочитај повеќе

Природна пластика од пердуви од живина

Во пердувите од живина има 90% кератин, па благодарение на овој протеин добиената пластика ќе биде многу силна во споредба со традиционалната пластика.
Тим од научници во овој момент работат на истражување како од пердувите може да се направи амбалажа.

Share
Прочитај повеќе

Во Романија за прв пат ќе се претстават куќи со изолација од овча волна

“Овој природен производ е исклучително вреден ресурс, има голем број предности, бидејќи сепак се работи за природен во споредба со оние што се користат во моментот“, велат од тамошното Министерство за земјоделство. Во Романија во текот на 2017 година имаше околу 9,8 милиони овци.

Share
Прочитај повеќе

Еден килограм турски цреши и до 80 евра

Раното зреење на овие цреши во пластеници ја зголемува нивната цена на пазарот, а предноста е во тоа што се разликуваат од црешите што се одгледуват на отворено, бидејќи не се подложни на надворешните атмосферски влијанија, како што се мраз, дожд и слично.

Share
Прочитај повеќе

Голем интерес за јавниот повик за давање под закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари, пристигнати близу 300 понуди

До Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство заклучно со 11.01.2019 пристигнаа близу 300 понуди за учество на овој јавен повик. Со оглед на тоа дека дел од понудите се праќани по пошта, се очекува да пристигнат уште понуди и конечната бројка ќе се знае утре.  Потоа ќе следува евалуација на пристигнатите понуди и склучување на договорите со земјоделците.

Share
Прочитај повеќе

Препораки до одгледувачите на животни при ниски температури

При појава на екстремно ниски температури проследени со силен ветер и снег животните треба да се држат затворени во објектите/шталите, или да им се обезбеди соодветно засолниште. Во овој случај треба да се внимава на хигиената во објектите, редовно да се чисти ѓубрето и да се заменува валканата простирка со нова, наведува АХВ.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделците годинава ќе добијат зелена нафта

-Крајна фаза е моделирањето, начинот на кој таа зелена нафта ќе стигне. И, буквално ќе биде достапна секаде, во најблиските бензиски пумпи на земјоделците, за да го намалиме трошокот, а да има ефект од оваа мерка, вели директорот на Платежна агенција, Николче Бабовски.

Share
Прочитај повеќе

За неколку денови истекува рокот за повикот за закуп на државно земјиште до 3 хектари и над 3 хектари

За неколку дена истекуваат роковите за доставување на документација за јавниот повик за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари и за јавниот оглас за давање на државно земјоделско земјиште под закуп над 3 хектари. Конкретно, за јавниот повик до 3 хектари рокот за поднесување документација е до 11.01.2019, петок, а за јавниот оглас за давање државно земјоделско земјиште над 3 хектари рокот е до 17.01.2019.

Share
Прочитај повеќе