Успех на македонските винарници на натпревар во Германија

Шест македонски производители и извозници на вино освоија 20 високи награди, од кои 15 златни и пет сребрени медали на реномираниот вински натпревар Mundus Vini во Германија, соопшти здружението „Вина од Македонија“.

Share
Прочитај повеќе

Проретчување на плодовите кај овошјето

Проретчувањето е мерка што ја користат овоштарите, како би овозможиле стеблата умерено да раѓаат, за да бидат квалитетни плодовите кои ќе останат на дрвото, како и да го заштитат плодот од кршење и пукање поради прекумерна плодност. Некои видови на овошје сами ги отфрлаат одредени плодови и така сами прават проретчување.

Share
Прочитај повеќе

Финишира откупот на тутунот, откупени 25 милиони килограми тутун по просечна цена од 214,34 денари

Заклучно со 22 февруари откупени се околу 25 милиони килограми, со просечна цена од 214,34 денари по килограм. Од страна на откупните претпријатија на тутунопроизводителите досега им се исплатени над 5 милијарди денари, односно високи 96% од откупените количини тутун. Законскиот рок за завршување на откупот е 15-ти март.

Share
Прочитај повеќе

Хортикултура – гранка на земјоделството

Постојат две важни разлики помеѓу хортикултурата и земјоделството. Првата е големината на земјиштето на кое се одгледуваат растенија: хортикултурата бара помалку површина, а земјоделството поголема. Втората разлика е во разновидноста на применетите растенија: хортикултурата користи неколку различни групи растенија, а земјоделството обично е едно (монокултура).

Share
Прочитај повеќе

Со развојни мерки до зголемено производство, во новата Програма за финансиска поддршка се воведуваат субвенции за „зелена нафта“

Субвенциите за земјоделците кои имаат до 0,5 хектари земја изнесува 6.000 денари по хектар, додека 12.000 денари за оние што имаат од 0,5 до 1 хектар земја. Мерката опфаќа 13.000 земјоделци, односно онаа категорија која тешко може да ги исполни стандардите кои ќе се воведат во процесот на усогласување со ЕУ, а преку неа се враќаат 130 милиони денари кај земјоделците.

Share
Прочитај повеќе

Првпат по 10 години се направени ортофото снимки од земјоделските парцели

Со овој проект МЗШВ обезбедува ортофото карти и дигитален модел на теренот преку авионските снимки од целата територија на државата, а врз основа на снимките ќе изврши ажурирање на парцелите во Системот за идентификација на земјишни парцели.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ и ФАО: Потребно е формирање на Агенција за земјоделско земјиште

-На денешната средба, со претставници од ФАО, разговаравме за планираните реформи во делот на управување со земјоделското земјиште и земјишната политика. Анализите на тимот од ФАО и стручните лица од МЗШВ покажуваат дека е потребно формирање на Агенција за земјоделско земјиште за ефикасно и транспарентно управување со земјоделското земјиште, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Откупени 16.434 тони тутун, откупот може да заврши до 20 февруари

-Во источниот дел од земјава откупот е при крај и ќе заврши за 10-ина дена, додека пак во Прилепско-пелагонискиот регион, конкретно: Прилеп, Кривогаштани, Долнени, Крушево и во Добрушево има за откуп околу 5.000 тони тутун. Тоа значи, откупот може, главно, да биде готов до 20-ти февруари. Секако дека ќе има нешто за дооткупување, но главните количества ќе ги преземат деветте откупни компании во земјава. Според состојбите со производствената година, поизводителите се задоволни од просечната цена од 210 денари за килограм, изјави Милески.

Share
Прочитај повеќе

ЗЕЛЕНАТА НАФТА ќе пристигне до пролетната сеидба

– Кофинансирањето за почеток е 30 отсто од трошоците, но со оглед на тоа дека се работи за нова мерка што прв пат се воведува, не е исклучено овој процент да се зголеми до 50. Користењето на картичките е предвидено да биде за повеќе години. Земјоделците би можеле да ги користат во сезоните кога вистински таа нафта се употребува за конкретното земјоделско производство за кое е наменета, објаснуваат од Министерството.

Share
Прочитај повеќе

Николовски оствари средба со министерот за земјоделство на Египет, со главен акцент за извоз на македонското јаболко во Египет

-Во последните години неколку египетски компании покажаа интерес за увоз на македонското јаболко. Затоа, на состанокот го отворивме и прашањето за укинување на царинската стапка од 40 % за македонското јаболко, која го прави неконкурентно на пазарот во Египет. Разговаравме и за увоз на земјоделски производи од Египет кои се атрактивни за пласман во Македонија, истакна Николовски. 

Share
Прочитај повеќе