12.000 денари за хектар ќе добијат земјоделците кои користат сертифицирано семе

За нивите со големина од 10 до 50 хектари следуваат и дополнителни 5.760 денари. Услов е да се употреби сертифициран семенски материјал и да се добијат просечни приноси повеќе од 4.000 килограми за пченица, 3.000 за другите житни култури или 1.800 килограми по хектар за сончоглед.

Share
Прочитај повеќе

Цуцулоски: Земјоделците да не го чекаат крајниот рок за аплицирање за субвенции

-Досега во ПЕ Битола, пријавени се 600 апликации за субвенции, а поднесени се околу 170 барања за директни плаќања за произведено и предадено овчо, козјо и кравјо млеко во период од октомври до декември 2017 година. Апелираме до земјоделците навремено да ги пријават засадените површини за да не се создаваат гужви, со оглед на тоа што очекуваме 5000 апликации за субвенции и 1100 барања за произведено и предадено млеко, – истакна Александар Цуцулоски, раководител на МЗШВ ПЕ Битола.

Share
Прочитај повеќе

ЈАВЕН ПОВИК за субвенции за туристички цели на селски домаќинства

Субвенционирањето ќе се врши преку кофинансирање до 60% од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000 денари, за трошоци настанати во периодот од 01.01.2018 година до крајниот рок на аплицирање.

Share
Прочитај повеќе

Рокот за субвенции за овци и кози да се пролонгира до 30 јуни, бараат ветеринарите

Остануваме на првото барање, роковите за аплицирање за субвенции за овци и кози да се одложат до 30 јуни 2018. Во спротивно, не можеме да потврдиме дека мерките ќе се извршат квалитетно и дека навреме ќе се направи пописот, нагласува Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Започнува пријавувањето за субвенции за млекото

Висината на поддршката изнесува 4 денари по литар за овчо и козјо млеко и 3,5 денари по литар за кравјо млеко. Барањата се поднесуваат по електронски пат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е регистрирано земјоделското стопанство.

Share
Прочитај повеќе

Тутунопроизводителите ќе се исплаќаат од втората половина на април

Имено, според директорот на Платежната Агенција, Никола Бабоски исплатата за тутунопроизводителите се очекува да започне во втората половина на април, односно штом заврши ажурирањето на податоците и се подготват решенијата.

Share
Прочитај повеќе

Повеќе од 78 милиони евра исплатени за субвенции

– Се работи за лица кои поднеле барање, одобрено им е барањето за субвенционирање, но се уште немаат потпишано согласнот за пребивање кон одредени институции за кои сме надлежни ние да го правиме. Најчесто тоа е закуп на земјиште спрема АД Водостопанство или Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта. И дококу лицето починало, па додека наследиците ја завршат оставинската постапка или поднеле трансакциски сметки кои се згаснати и треба повторно да ни достават нови, објасни Бабовски.

Share
Прочитај повеќе

Од денес започна аплицирањето за субвенциите за 2018 година, рокот е до 15-ти мај

Во овој период ќе се поднесуваат барања за директни плаќања за растително производство и тоа за површини со поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади и за сточарско производство и тоа за одгледување на говеда, овци, кози, пчели, свињи, живина и за заклани животни во кланици“, изјави директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.

Share
Прочитај повеќе

Од оваа година субвенции и за свињарски фарми

Плаќањата за свињарските фарми почнуваат од годинава, додека за говедарските и за овчарските од 2020-та година поради потребата за подобрување на капацитетите и репроцентрите.

Share
Прочитај повеќе

30 отсто повисоки субвенции за пренамена на култура

Доколку постоечките овошни и лозови насади овоштарите се решат да ги обноват со нови сорти можат да побараат и дополнителни од 4.500 до 12.000 денари за хектар во зависност од видот на културата.

Share
Прочитај повеќе