Повеќе од 78 милиони евра се исплатени од Програмата за финансиска поддршка во земјоделство. Повеќе од половина од Програмата за 2017 е реализирана. Ова во петокот го соопшти Николче Бабовски, в.д. директор на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Појасни дека е мал процентот на заостанати субвенции или минимален.
– Се работи за лица кои поднеле барање, одобрено им е барањето за субвенционирање, но се уште немаат потпишано согласнот за пребивање кон одредени институции за кои сме надлежни ние да го правиме. Најчесто тоа е закуп на земјиште спрема АД Водостопанство или Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта. И дококу лицето починало, па додека наследиците ја завршат оставинската постапка или поднеле трансакциски сметки кои се згаснати и треба повторно да ни достават нови, објасни Бабовски.