Финишира откупот на тутунот, откупени 25 милиони килограми тутун по просечна цена од 214,34 денари

Заклучно со 22 февруари откупени се околу 25 милиони килограми, со просечна цена од 214,34 денари по килограм. Од страна на откупните претпријатија на тутунопроизводителите досега им се исплатени над 5 милијарди денари, односно високи 96% од откупените количини тутун. Законскиот рок за завршување на откупот е 15-ти март.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Да се расчистат евентуалните малверзации околу Сојузот на тутунските здруженија

-Институциите да ги расчистат сите нејаснотии, неправилности и можни малверзации околу Сојузот на тутунските здруженија за да нема ниту една дамка во тутунопроизводството кое државата го поддржува и го стимулира, од кое егзистираат 30 000 семејства и од кое годишно се остварува значаен девизен прилив, порача вчера од Прилеп министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Од Водостопанство „Прилепско поле“ смируваат дека ќе има доволно вода за наводнување

„Согласно ланските податоци во месец април би требало да собериме 6 милиони кубни метри вода, ако хидролошките  услови се покажат како лани, ако не ние во текот на една сезона за наводнување доволно ни е да имаме од 3,5 до 4 милиони метри кубни вода за да имаме успешна сезона за наводнување“, истакна Ѕвонко Талески, раководител на подружница „Прилепско поле“.

Share
Прочитај повеќе

Тутунопроизводителите сакаат да го стопираат откупот на тутун

Централниот регистар ги отфрлил одлуките на вонредното собрание оти немале доказ за утврдување на фактот дали иницијаторите имале легитимитет, поточно дали вонредното Собрание било свикано од една третина на членовите на Собранието.

Share
Прочитај повеќе

Завршува откупот на тутун во Струмичко

Еден месец пред официјалното завршување на откупот во Струмичко се откупени скоро 99 проценти од ланското производство односно околу два милиони килограми.

Share
Прочитај повеќе

Владата одлучи, ќе се укине издавањето на евидентни листови за тутунопроизводителите

Со донесување на предлог законот ќе се подобри и поедностави постапката за пријавување на производството на тутун со тоа што ќе се укине издавањето на евидентниот лист и тутунопроизводителите прво ќе склучуваат договори за производството и откуп на тутун, а откупувачот на тутун ќе има обврска да го внесе договорот во електронскиот систем за евиденција на тутун и внесените податоци да ги достави до подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Share
Прочитај повеќе

Откупени 16.434 тони тутун, откупот може да заврши до 20 февруари

-Во источниот дел од земјава откупот е при крај и ќе заврши за 10-ина дена, додека пак во Прилепско-пелагонискиот регион, конкретно: Прилеп, Кривогаштани, Долнени, Крушево и во Добрушево има за откуп околу 5.000 тони тутун. Тоа значи, откупот може, главно, да биде готов до 20-ти февруари. Секако дека ќе има нешто за дооткупување, но главните количества ќе ги преземат деветте откупни компании во земјава. Според состојбите со производствената година, поизводителите се задоволни од просечната цена од 210 денари за килограм, изјави Милески.

Share
Прочитај повеќе

Откупени над 15 милиони килограми тутун по просечна цена од 210 денари за килограм

Очекуваме непречен откуп до исплаќање на целокупната откупена количина. Оваа година обезбедени се средства за навремена и целосна исплата на субвенциите на тутунопроизводителите а тоа се околу 5 милиони евра повеќе пари од предходните години кои државата овој период односно со почеток од минатата година веќе ги обезбедува за тутунопризводителите“, изјави министерот Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Околу 70 отсто е откупен произведениот тутун во струмичко

-Имаме горни берби квалитетен тутун и се надеваме да достигне и цена од 215 до 220 денари. Со субвенциите што се 80, 70 и 60 денари можно е да се дојде до некоја сума од 300 денари кај некои производители кои имаат поквалитетен тутун, вели Марјан Трајков од Здруженението на тутунопроизводители „Басмак“ од Василево.

Share
Прочитај повеќе

Откупот на тутунот без проблеми, просечната цена 205,34 денари

– Откупот на тутунот се одвива непречено, без поголеми проблеми. На теренот откупуваат деветте откупни компании во земјава и го исплаќаат откупениот род. Исплатата е 77,72 насто од преземениот род. Откупени се 7 261 628 тони тутун со просечна цена од 205, 34 денари за килограм. Се очекува во наредниот период да се интензивира откупот, вели директорот на Државниот земјоделски инспекторат Благој Индов.

Share
Прочитај повеќе