Тутунопроизводителите сакаат да го стопираат откупот на тутун

Вести Совети тутун

„Не може да биде нелегитимно собранието кое на идентичен начин во 2007 година го донесе како претседател досегашниот Кире Неделковски. Ние го разрешивме поради сомнежи за финансиски злоупотреби, а предметот го предадовме во ОЈО Скопје“, велат тутунопроизводителите од повеќе тутунски здруженија кои се собраа во Велес.

 

Централниот регистар ги отфрлил одлуките на вонредното собрание оти немале доказ за утврдување на фактот дали иницијаторите имале легитимитет, поточно дали вонредното Собрание било свикано од една третина на членовите на Собранието.

 

Тутунопроизводителите во писмена форма побараа и прием во Владата, премиерот Зоран Заев и надлежниот министер за земјоделие Љупчо Николовски за да можеле изворно да ги информираат со проблемот со кој се судруваат а за што имаат оформено и досие, каде и како Неделковски ги трошел парите. Додаваат дека има уште тутунопроизводители кои не го предале тутунот и дека сопирањето на откупот, ќе има реакции кај тутунарите. Но нема да отстапат од нивното барање за упис на Коцев како нов претседател на Сојузот на здруженијата на тутунопроизводителите во Македонија.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *