Земјоделците од Егри го усвоија планот за консолидација на земјоделско земјиште, за прв пат 336 хектари земјоделско земјиште се окрупнуваат

Конкретно, во Егри, со консолидацијата, бројот на уситнети парцели се намали за околу три и половина пати. Поточно, почетните 874 парцели се намалува на 260 окрупнети парцели, а просечната големина на парцелите од 0,38 ха пред консолидацијата, се зголеми на околу 1,3 ха по консолидацијата. Или претходно просечниот број на парцели по сопственик бил повеќе од четири парцели. Сега со консолидацијата просекот е околу една до две парцели на сопственик.

Share
Прочитај повеќе

Повик за учество на Tендер за извршување на Консултантски услуги за консолидација на земјиште во Република Северна Македонија, Фаза I – Физибилити студии за Лешани, Кожле и Дабјани

Во рамки на проектот финансиран од Европската унија “Воведување на Национална програма за консолидација на земјиште” (МАИНЛАНД), спроведуван од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, објавен е јавен тендер (Референтен број: 2019/CSAPC/REUDD/104003) за извршување на “Консултантски услуги за консолидација на земјиште во Република Северна Македонија Фаза I – Физибилити студии за Лешани, Кожле и Дабјани”. 

Share
Прочитај повеќе

Информативна средба во МЗШВ за распределбата на земјоделското земјиште од проектот МАИНЛАНД

На втората сесија, избрани геодетски компании од земјава – Гео Монд и Цветковски Консалтинг, добија обука за подготовка на планови за распределба на земјоделското земјиште со промена на граници  и за различните технички барања за успешно спроведување на планирање за распределување на земјиштето во четирите консолидациони области.

Share
Прочитај повеќе

„Поддршка на Интегриран развој на локалните заедници“ – прва работилница во Битола

Крајната цел на поддршката е да се решат клучните проблеми на населението од руралните средини преку поддршка на малите земјоделски стопанства и семејните фарми да ги подобрат условите за живот, да добијат пристап до пристојна работа и до продуктивно, оддржливо вработување.

Share
Прочитај повеќе

Светот го одбележува 11 декември, меѓународен ден на планините

„Планините се значајни за младите“ е темата на годинешниот ден на планините, според ФАО.
Младите се активни двигатели на промените и идните лидери од кои се очекува да ги чуваат планините и нивните природни ресурси.

Share
Прочитај повеќе

Поставени основите за национална стратегија за намалување на загуби и отпад од храна

Загубата и отпадот од храна е голем и комплексен проблем што директно ги засега националните и корпоративните политики, природните ресурси, климатските промени, економиите и пазарите, однесувањето и културата на луѓето, социјалните услови, технологијата, инфраструктурата и инвестициите.

Share
Прочитај повеќе

Агро-еколошко зонирање за продуктивно земјоделско производство, отпорно на климатските промени

„Првата база на податоци и веб-платформа која содржи најнови агро-еколошки податоци и мапи за Република Северна Македонија е клучен производ што подобро ќе ги информира земјоделските политики на национално ниво; и следствено, ќе помогне при адаптација на земјоделското производство кон климатските промени на локално ниво“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, на отворањето на работилницата.

Share
Прочитај повеќе

Завршен настан: Oценка на земјоделското производство преку агрo-еколошко зонирање

Главната цел на проектот е да се подобри земјоделското производство и да се зајакне националниот
капацитет преку развивање на Национални агро-еколошки зони, и информатиовен систем за агро-еколошни
информации, и сценарија кои ќе послужат за носење на информирани одлуки и намалување на климатските
ризици, и адаптација кон климатските промени на локално ниво.

Share
Прочитај повеќе

Успешно спроведена симулациска вежба за справување при можна појава на болеста африканска свинска чума

Како дел од вежбата формиран беше и Локален центар за контрола на болеста, како тело кое раководи со спроведувањето на плановите за итни мерки, и постапува во услови на итна кризна или вонредна состојба  кога е загрозено здравјето и благосостојбата на животните на локално ниво.

Share
Прочитај повеќе

Симулациска вежба во рамки на проектот “Африканска чума кај свињите – подготвеност и брзо постапување”

Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите Нации – ФАО, утре и задутре во Берово, во рамки на проектот “Африканска чума кај свињите – подготвеност и брзо постапување”, ќе одржи симулациска (практична) вежба за тестирање на системот на подготвеност во справувањето со оваа болест која не е присутна во земјава.

Share
Прочитај повеќе