ТK Прилеп, вчера ги исплати тутунопроизводителите од кои беше откупен вишокот на тутун.

Вести

Тутунски комбинат Прилеп, вчера ги исплати тутунопроизводителите од кои беше откупен вишокот на тутун, соопштија од МЗШВ.

Вкупно 706 тони вишок на тутун од ланската реколта, беа откупени од страна на Тутунскиот комбинат и денеска, средствата се префрлени на сметките на тутунопроизводителите.

Со Одлука на Владата на Република Сверна Македонија, беа обезбедени средства од државниот буџет, преку Ковид програмата, во износ од 100.000.000,00 денари, наменети за Тутунски комбинат АД Прилеп со цел навремена исплата на откупениот вишок на тутун. Тутунопроизводителите ги добија средствата.

Ветеното е остварено, во најкус можен рок.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *