Во Свети Николе се одржа петтата трибина од кампањата за зголемување на земјоделското осигурување- „Не гледај во небото, осигури се“.
И овој пат се дружевме со прекрасни личности, со сериозни земјоделци кои обработуваат големи површини, со претставници на осигурителните компании кои едноставно им објаснуваа на земјоделците за предностите од осигурувањето. Тука беше и раководителот на подрачната единица на МЗШВ како вистински претставник на земјоделците од тој крај, се препозна неговата непосредна соработка со нив и поддршка.
Кампањата која ја организира земјоделското здружение „Современо земјоделство“ заедно со осигурителните компании- Триглав, Кроација, Еуроинс, Сава и СН Осигурителен Брокер, е повеќе од потребна заради поголема едукација на земјоделците, поедноставуавање на начинот на комуникација на агентите на терен, да зборуваат со „земјоделски речник“ , едноставно да им објаснуваат за предностите и што е најдобро за нив.
За Владата пораките се да продолжиме со субвенционирањето на 60% од осигурителната полиса, но и побрзо да се воведе новиот начин за заштита од град со засејување на облаците.
Во вторник во Прилеп ќе биде последната трибина од оваа фаза на едуктивната кампања за зголемување на земјоделското осигурување. Следува подготовка на видео кампања како и информации преку социјалните мрежи и друг вид на комуникација со земјоделците со цел подигнување на јавната свест за земјоделското осигурување.
Фејсбук статус на Ленче Николовска, посебен советник за земјоделство, шумарство и водостопанство на претседателот на Владата