Tридневната работилница на тема „Воспоставување на земјоделски осигурителен пул“.

Вести
Вчера заврши тридневната работилница на тема „Воспоставување на земјоделски осигурителен пул“. Техничките работни групи од МЗШВ и турската агенција за управување со земјоделскиот осигурителен систем – ТАРСИМ, на министерот Хоџа му ги презентираа резултатите, кои се повеќе од охрабрувачки. Претставниците од ТАРСИМ, искажаа големо задоволство од соработката, организацијата и потенцијалот со кој располагаме. Најважно е тоа што заклучокот од оваа работилница е дека ние имаме капацитет да воспоставиме земјоделски осигуритулен пул, како организиран пристап за заштита на земјоделските производи.
Ова беше првиот чекор, со кој започнавме соработка со ТАРСИМ, во заедничка организација на МЗШВ, Владата и Агенција за супервизија во осигурувањето.
Работните групи ќе продолжат и понатаму со своите активности. Осигурителниот пул наскоро треба да добие законска рамка, а потоа да се имплементира со цел заштита на земјоделското производство од временските непогоди, преку сигурен одржлив систем на земјоделско осигурување.
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *