Утрово во Битола -3, денеска дневната до 9 степени

Вести

Утрово најстудено со -7 степени беше на  Попова Шапка, – 5 Маврово, -4 Крушево, -3 Охрид, Претор, Битола, – 1 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Берово, 0 Крива Паланка, Тетово, 1 Виница, Куманово, Штип, 3 Струмица, Демир Капија, 4 Дојран, 7 Гевгелија.

Во текот на ноќта и утринава на истокот се задржа поголема облачност од која преку ноќта провејуваа снегулки во Крива Паланка. Ветерот намали и изутрина умерен северен ветер има само на југоистокот и во поголемиот дел од земјата е претежно сончево, но во Крива Паланка и понатаму провејува слаб снег.

Денеска сончево со умерена облачност, а на истокот значително облачно. Претежно на планините и на североистокот ќе има провејување на слаб снег. Попладне од запад ќе се зголемува облачноста. Ќе дува северозападен ветер кој краткотрајно во Повардарието ќе засилува.

Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени. Во Битола до 9 степени.

Утре умерено до значително облачно. Во централните делови со сончеви периоди. На планините и на повисоките места повремено ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Во Битола утрринската до -4 , а дневната до 10 степени.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *