Укината забраната за тешки товарни возила на патот Тетово-Попова Шапка

Вести

Автомото сојузот на Македонија информира дека е укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец Р1209 Тетово – Попова Шапка.

Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *