Сто осумдесет и пет мостри на оценување за најдобро младо вино од семејни производители

Вести

Сто осумдесет и пет мостри на оценување за најдобро младо вино од семејни производители, во тек е дегустација и оценување во рамките на натпреварот што го организира Здружението на македонски винари енолози, со седиште во Кавадарци.

– Интересот за овој натпревар е огромен, бројот на пријавени мостри за оценување расте од година во година. Овојпат имаме рекорден број на учесници на нашиот натпревар. Дегустираме црвени, бели и розе вина. Имавме добра година за производство на вино и меѓу пријавените, навистина има вина со извонреден квалитет. Производителите константно посветуваат зголемено внимание на винопроизводството, а бараат и етнолошки совети, појаснија од Здружението за МИА.

Притоа нагласија дека многумина кои почнале со производство на вино за домашни потреби, со тек на време, користејќи традиционални рецепти и совети од енолози, станале врвни мајстори на овој занает. Некои од нив регистрирале семејни винарии и започнале фамилијарен бизнис, развивајќи го винскиот туризам.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *