Утре млечните производи треба да поевтинат за 10 проценти,а тестенините за 15 %

Вести

Утре млечните производи треба да поевтинат за 10 проценти,тестенините за 15 отсто. Цените ќе се намалат  согласно со одлуката што владата ја донесе минатата недела.

Oд тестенините опфатени се макароните и шпагетите. За нив, од 13 март до 31 мај годинава се укинати увозните царински давачки. Само со укинување на царината, според пресметките на владата, нивната цена се намалува за осум до девет денари во просек во малопродажба. Од владата очекуваат намалувањето да биде и поголемо.

До 31 мај ќе биде во сила и одлуката за замрзнување на цената на млечните производи: трајно кравјо млеко со 2,8, 3,2 и 3,5 отсто масленост, урда, кравјо и мешано бело сирење, кравји кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вчера соопшти дека при крај се и анализите кои треба да покажат дали ќе бидат замрзнати цените на шеќерот, јајцата и оризот.

Од државниот пазарен инспекторат најавуваат дека ќе излезат на терен и ќе постапуваат веднаш по стапувањето во сила на одлуките на владата. Казните за непочитување на одлуките изнесуваат од 800 до 10.000 евра, во зависност од големината и видот на економскиот оператор.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *