Ванилата стана поскапа од среброто

Вести

Цените на ванилата минатите две години значително скокнаа, па таа слатка состојка која е дел од многу производи, вклучувајќи го и сладоледот, моментално чини повеќе од среброто, објави Би-Би-Си.

За килограм ванила сега треба да издвоите околу 600 американски долари, што е повеќе од килограм сребро, забележува Би-Би-Си.

Големиот дел од ванилата, повеќе од 75 проценти, се одгледува на тропскиот остров Мадагаскар, на југоисточниот брег на Африка.

-Главната причина за високата цена е циклонот кој минатиот март го погоди Мадагаскар и уништи многу плантажи. А и покрај надежите дека растот на цената ќе запре, тој и понатаму се држи на високо ниво затоа што побарувачката е доста голема, вели Јулијан Гејл, аналитичар на пазарот на суровини во компанијата ИЕГ Ву.

Гејл вели дека станува збор за зачин кој тешко се одгледува, па поради тоа таа е вториот најскап зачин после шафранот.

Освен во сладоледот ванилата е популарна и во разни слатки производи, алкохолни пијалоци, како и во козметиката на парфеми.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *