В четврток авионско прскање против комарци во Скопје

Вести

Авионската дезинсекција против комарци на подрачјето на Град Скопје ќе се врши в четврток и в петок, во раните утрински часови.

Како што информираат градските власти, ако временските услови не дозволуваат да се прска, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Прскањето против комарци од земја ќе се одвива од недела, 18 јули 2021 година до 22 јули 2021 година, од 22 до 3 часот, наредниот ден.

-Се известуваат пчеларите на време да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, соопшти Град Скопје.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *