Во нашата држава има многу примери на успешни бизнис приказни во земјоделското производство.
Таков е примерот на компанијата ВЕЗЕ ШАРИ чија приказна започнала во 2000 година и успешно трае до ден денешен.
Од мала фарма за еднодневни пилиња до кокошки несилки, денес оваа компанија има широко распостранета своја дистрибутивна мрежа и врши извоз на јајца во земјите од ЕУ и воените сили на НАТО.
Компанијата низ годините, континуирано растела и развила уште две кoмпании: преработувачкиот капацитет ЛЕКЕР наменет за производи од пилешко месо и ЕЛЕКТРО ШАРИ – компанија за производство на биогас и електрична енергија.

На Манифестацијата „Избор на најуспешни во областа на земјоделството“ за 2021 година, компанијата Везе Шари и Лекер, доделија 10 пакети од својата палета на производи за 10те најдобри земјоделци кои добија признание оваа година. Нивниот најнов продукт пиле Јона, се дегустираше за време на вечерата.


