Во Крушево трибина за придобивките од развој на еко туризмот

Вести

Трибина „Придобивки од развојот на еко туризмот”, ќе се одржи денеска во Крушево, во организација на партијата Демократска обнова на Македонија (ДОМ).

Според најавата, Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот ќе зборува на темата „Еко-туризмот и неговите придобивки за локалниот економски развој“, а државниот секретар во Министерството за животна срединаи просторно планирање Ана Петровска ќе говори за активностите на овој ресор за развој на туризмот.  Ќе се дебатира и на темите „Крушево – дестинација за четири сезони“, како и „Параглајдеризмот како алтеративна форма на туризам”

Најавено е обраќање и на претседателката на ДОМ Маја Морачанин.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *